Ја пополнив електронската пријава, и нели на крај пишува кои документи треба да се носат...пишува: уверение за државјанство (оригинал-независно колку е старо) моето е извадено на 27.05.2010... од клас сите кажуваат дека не треба да биде постаро од 6 месеци и дека нема да ми се важи ако го однесам тоа има некој друг што планира да носи уверение за државјанство постаро од 6 месеци????
Ве замолувам некој кој пополнил електронска пријава да ми пише лп, на видеото едно ваму друго. Фала многу
Имам напишано неколку страни претходно дека би требало да МОЖЕ да се внесе и единица, затоа што кога исконтактирав со поддршката на Iknow системот ми кажаа дека ќе ја вклучат опцијата. Пробај уште еднаш да внесеш 1 во делот за оценки.
Оние кои ќе се запишуват на Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип да ги прашам дали може и сега да се уплати, бидејќи некои кои ќе се запишуваат во Скопје веќе уплатија или мора во Штип. И дали треба на една уплатница да се уплати 300 денари, а на друга 500. Јас мислам дека треба да се уплати само 300 плус 50 денари, но на една девојка сестра и` кажала дека треба да се уплати и 300 и 500, плус тие педесет денари. Се надевам дека ме сфативте.
2.електронска пријава(бројчето на пријавата + испечатената изјава,интерен и универзитетски лист а за тие дисперзираните и листот за дисперзирани студии) Што се подразбира под електронска пријава? Тие листовите што треба да се испечатат на крај? И која е таа изјава пошто ги има повеќе и кој е тој универзитетски лист? Ве молам пишете ми пошто стварно незнам кои документи се тие :/
Девојче а да погледнеше и ти низ страните, пишаа значи милон пати.ТОА е пријавата која ја пополнуваш електронски, како поинаку да ви кажеме, интерен е веројатно некоја пријава што ја има плус на страната за пријавување, а универзитетска пријава се купува на факс и се пополнува и за неа се плаќа 50 ден административна такса.
Интерен пријавен лист, универзитетски пријавен лист (и бројчето коешто стои и на двата листови во горниот десен агол) се документите кои на крајот на апликацијата ги генерира iKnow системот и кои треба да се испечатат. Тоа се всушност доказите дека електронски сум се пријавила, а за секој случај јас ја испечатив и пријавата пред да ја пратам, во делот "преглед" од електронската апликација.
Има ли некој кој е на наставна биологија на ПМФ или некој што планира да оди, да ми објасне како и што е, со колку поени примат?
не знам, на страната на мојот факултет пишува дека уписите се на 14 ти и 15 ти август[/quote] на кој факултет ќе идеш?