Кога треба да го внесам интерниот предмет од матурата, го нема во листата и одбирам „друго“. Ќе ми менува ли нешто тоа што во интерната и универзитетската пријава не го пишува туку ја има само оценката на интерниот предмет? Ептен е збунувачки, и плус не можам да вметнам алтернативна студиска програма доколку не ме примаат на првичната. Anyone?
Во електронската пријава на местото каде што се бараат оценките од сите 4 години треба да се вметнат само оценките од редовните предмети или и од екстерното ?
Оф леле јас не сум го испечатила документот за дисперзирани студии , испечатив изјава, пример за уплатница, универзитетски и интерен лист.....сега дали пак да пратам пријава за да можам да го испечатам и тој за дисперзирани ? Инаку во Скопје ќе си студирам, нема на др место, но сепак велат тој требало било дали ќе учиш или не надвор па соодветно од тоа ќе пишува ДА ИЛИ НЕ
Ако уплатам утре 300+50 денари ќе може да се запишам утре или треба да почекам еден ден? Ова за административна такса на посебна уплатница е? Прашувам за УГД
Е вака. Ја пополнив пријавата и ги отпечатив двата листа. Дали треба сега да ги поплнам празните места во листот или тоа треба на денот на уписите. И уште нешто. Во пријавните листови пишува тема на проектната задача, а мене ми стои само предметот од проектната. Дали да ја дополнам темата со пенкало или ништо да не пипам?
Јас мислам дека нема врска кога си ја уплатила, дали денес или утре, важно е да си уплатила. И јас утре ќе уплаќам, инаку да на посебна уплатница треба. Еве пример: Инкау јас да прашам, на другата уплатница каде треба да се уплаќаат 300 денари кај Назив на примачот треба да пишува Универзитет " Гоце Делчев " или може само УГД?
Здраво. Може ли некој да ми каже кои се минималните поени со кои примаат на фак? Дечкоми сака да се запише на фак за безбедност но има само 49 поени. Има ли шанси да го примат?