Феминки да ве прашам, дали пријавите ќе ги зимате од факултетот или ќе ги купите од книжара? И дали однапред ќе ја уплатите уплатницата или на денот на пријавувањето?
Добро, разбрав за уплатниците, се пријавив електронски и си земав интерен лист и универзитетски лист, каква е таа пријава? Бројчето си го земав, си го напишав исто така. Не ми е јасно за таа пријава немаше кај мене такво за печатење. Или е таа таа што се зима од книжарине околу факс? И последно (се надевам) дали може било кој ден да уплатам? Во петок верувам дека ќе има гужви, а само тогаш можам да идам да се запишам.
Тој лист од факултет ти го даваат,барем кај мене беше така,иначе за уплати зависи до кога ти е датата,види си на страната на факултетот,мора да имаат објаснето
знам, еве дремам на страната на стоматолошки и буквално ништо не пишува еве.. потврда за уплатa на 300 денари на жиро-сметката на Факултетот (урнек од жиро сметката можете да добиете на iKnow системот, во делот Поднесување) сите што ќе идат на тој факс, што ги познавам уште си дремат.. тоа ми е.
http://www.stomfak.ukim.edu.mk/ тука бараш ти.......појди до факултетот па ќе ти објаснат на студентски...ех и јас кога се запишував пред една година,сфтив што се студентски маки...тек почеток е ова :/ јас сум друг факс и се е поразлично од овој,затоа појди со некоја другарка и прашајте најубаво ќе ви објаснат.
Девојки, мене ме интересира дали административната такса и уплатата од 300 денари можат да се извршат и денеска или мора да се чека до денот на уписот т.е. утре?
На мене освен интерент лист ништо друго не ми излегува, значи ја испратив пријавата ми излезе дека е испратена до комисија !!! еве што си стои а како што читам треба вака да ми излезе и што да правам сега ????????
Господи АМАН ВЕЌЕ се вреѓате коа човек ќе ве рече глупи ама извинете СТЕ! видео ви ставија и пак незаете како па неписмени да сте од видеото ќе видете *** ^ Што ти излезе тоа оди испечати гои тоа е тоа кај секој фах е различно, мене на ПМФ ми дава 3(изјава за не подигање,интерен и универзитетски пријавен), на друг фах дава 5... ШТО ВИ ДАДЕ ТОА Е- ОДИ ИСПЕЧАТИ ГО И НЕ ЗАМАРАЈТЕ ВЕЌЕ БРЕ плис *** ништо лично зборувам за сите што прашуваат
глупи се они кои што не знаат да кажат дека на секој факултет е различно а не цело време упорно пишуваат ова требало она требало!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! а не се глупи ониe што прашуваат !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! никој учен не е роден и ако треба 100 пати ќе прашам се додека не ми се разјасни, воопшто не ми е срам ако нешто не знам не ми излегува универзитетска пријава пак ќе кажам и јас аплицирав на пмф, ако не ми излегува нормално дека ќе прашам пак и нормално е да не ми е јасно и не сме глупи ако не знаеме нешто !!!!!!
Не е дека некој е глуп, само сте мрзеливи. Ве мрзи да одвоите пет до десет минути од денот и да свртите неколку страни наназад. Едното исто е повторено СТО МИЛИОНИ ПАТИ и вие пак прашувате. Па мислам дека и крава да беше до сега ќе сфатеше што треба. Ај што тука е повторено сто милиони пати, него отворете на страната на факултетот на којшто се пријавувате и таму разгледајте малце и ќе најдете што ви треба. Вие се сакате на готово, се да ви е изџвакано. Ко ние да сме знаеле што и како треба да се купи, уплати или испечати, ама сме седнале на време сме разгледале што како и сме нашле одговор. Вие кај што чекате некој на готово да ви даде информации без да се потрудите, уште па ви текнало да прашувате ден пред уписи. Како може да сте толку несериозни не ми е јасно, ама вие си знаете.
абе не е проблемот во тоа да не се знае проблемот е што страници наназад се испишани за тоа шо како треба и упорно се прашува па прочитајте ги прво , а ако има некој проблем со системот најмалку тука ќе добиеш одговор, подобро јави се таму имааше изгледа бројче и прашај си директно а не вака тука и 1000 пати да прашаш сите си пишуваат лично искуство кој шо добил ти викам некој 3,4 некој 5 листа.. само губиш време тука
никој не е несериозен ! 100 пати ја превртев секоја страна и се прочитав што има напишано и тоа не денеска ! ако има поставено видео не значи дека се треба да е јасно ! проблемот не е до мене како што гледам туку до нивната страна , затоа што треба да добијам покрај интерен лист и универзитестки . најлесно ви е како што гледам да навредите некого бидејќи немате живци , не знам како сме мрзи невидени и глупи. СРАМОТА!!!!!
^Ја коа се запишував имаше освен овие интерен, универзитетски и плус изјава за припадност на малцинство, изјава за дисперзирани студии и изјава за кофинансирање (мислам толку беа тие 5). Нормално дека некои изјави зависат од факултетот, тие факултети што нудат дисперзирани нормално ќе постои и таква изјава, тие што не нудат - не постои, и нормално ја пополнуваат само тие што ќе бидат на дисперзирани. Исто важи и за припадност на малцинство, ако си Македонец не ја пополнуваш, ако си Србин, Турчин, Ром итн. пополнуваш. И за кофинансирање ако не си сигурен дека ќе влезеш 100% во државна квота треба да ја пополниш, зошто ако не ја дадеш значи не се согласуваш на приватна и после се дешаваат турбуленции. Ја колку што се сеќавам ги дадов само интерната и универзитетската. Разјаснето ли е конечно?