Девојки може ли некоја да ми ја прати страницата каде што се пресметуваа бодовите? Неможам да ја најдам.
Девојки при електронското пријавување не наведов останати смерови како дополнителен избор доколку не бидам примена на примарниот и сега во интерниот пријавен лист 8-мата точна ми е потполно празна... Не би требало да ми направат некаков проблем нели?
Наведено е на самите листови/ ВАЖНО: Пополнувањето на овој образец се врши со заокружување и внесување во квадратчето на една од предложените бројки (шифри). Таму каде што нема шифра, кандидатот ги внесува податоците ЧИТКО СО ПЕЧАТНИ БУКВИ. За пополнување на шифрите од точките 5 (општина) и 10 Ве молиме видете на листот од другата страна. Во точка 7, кандидатот го наведува основниот избор на студиска програма на која претендира да биде запишан. На пример, ако основен избор е 4-ИЕ, во квадратчето се пополнува само редниот број на студиската програма, во примеров бројот 4. Ако кандидатот нема освоено доволен број бодови за запишување во државна квота на основниот избор може да се изјасни за студирање со кофинансирање во точката 7а. Доколку кандидатот не е рангиран по било кој основ во основниот избор, се постапува во согласност со точка8. Во точка 8 се наведува приоритетот за запишување на другите студиски програми на факултетот. При рангирањето изразената желба на кандидатот има предност пред пресметаните бодови. На пример, кандидат кој како основен избор ја навел студиската програма „х”, и има 85 бода има предност пред кандидатот кој како основен избор ја навел студиската програма „у” и има 90 бодови кои не се доволни да биде рангиран во студиската програма „y”, а како дополнителен избор ја навел студиската програма „х”.
Некој знае ли што треба да се внесе кај Прилози: Свидетелство бр. ________ Извод од мат.кн.на род. бр. ________
Зависи што смер сакаш, ако планираш на финансиски менаџмент или сметководство и ревизија во државна нема шанси да те примат..
кои предмети се соодветни за педагошки факултет?? полагав: екстерни : македонски, англиски и биологија интерни: физика проектна : биологија ве молам побрзо одговор, да ја потполнам апликацијата електронски... и ако знаете што документи за упис ми се потребни дас ги поднесам утре и задутре
На финансиски пред 2 години кога се запишував ја, последниот во приватна беше со 84, а државна со 92.нешто скоро 93. Секоја година зависи од конкуренцијата, ама со тие поени државна мислам можеа да влезат едвај само на економија, маркетинг и надворешна трговија зошто е многу слаба конкуренцијата за тие смерови, а за другите можеби приватна квота, но не мора да значи ни тоа.