Погледнете колку ниски критериуми има за правен факултет во Штип.Ужас,полошо не може да биде, го деградираа факултетот.
46 е дури мн за оваа листа на примени кандидати на Правен со дисперзиани во Струга. Последниот е примен во државна квота со следниве поени. ахахахаххаха СВАШТА.
Разликата е во тоа што некои факултети ги даваат резултатите само како код и повеќето се измешани и не се по редослед.Со конечните реултати се даваат имињата на примените ученици по ред (од највеќе до најмалку бодови) и учениците кои не се примени.
Не секаде. На економски и прелиминарната и конечната листа е со бројче, како што велиш ти код. Значи нема име и презиме, всушност и истата листа беше на економски, немаше измени од прелиминарната до конечната.
Видете на страната на факултетот под “потребни документи при запишување“. На ФЕИТ на пр. има се по список, жиро сметка, шифра итн. а меѓу другото го има и ова
Нели молекуларна биологија на ПМФ беше во мирување, истото го пишуваше и во конкурсот од владата. Од каде излезе дека можат да се запишуваат студенти на смер кој е во мирување или јас нешто сум пропуштила?
Дали некој има податоци што треба да се однесе при запишување на Филозофски.Се превртев и освен ова не најдов: Spoiler При запишувањето, примените кандидати поднесуваат: 1.индекс, студентска легитимација и пријавни листови 2.три фотографии (две фотографии со димензии 3,5 х 4,5 и една со димензии 2х 3) 3.потврда за уплатени 750 денари за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со назнака ИКСА на УКИМ, _______(да се наведе факултетот-носител на студиската програма), на жиро сметката 100000000063095 депонент: НБРМ, со сметка на буџетски корисник 1600103689 788 18 приходна шифра 723012, програма 41 Но никаде нема податоци за сметката за уплата за квотата.
На истата сметка кај што се уплаќа за ИКСА, се уплаќа и за партиципација само кај цел на дознака ќе пишеш Уплата на партиципација. Почекај деновиве може ќе стават нови податоци.
Еве кои документи се потребни за запишување на ФИЛОЗОФСКИ http://www.fzf.ukim.edu.mk/index.php/mk ... 6/1510-1-3
Индекс, студентска легитимација и пријавни листови на факултетот кога ќе се запишуваме се купуваат или ?
Индекс и студентска легитимација даваат на студентски прашања Пријавни листови се купуваат од книжара.