Дечки може ли за партиципацијата да уплатам во мојот град , а само потврдата да ја однесам на факултето.Признават ли? да не носам толку пари (можеби е малку глупаво ама да си прашам може некоја знае)
За тие 100 евра (6150 ден.) и 3300 ден. на уплатниците како да го формулирам точно „цел на дознака“?? Уплата за упис на прв семестар, прва рата од партиципација, / Упис на зимски семестар, Предметни програми, Водич низ студиите, книжен фонд, штети, тетратки за писмен испит, шифрарници и за студентски интернет центар. како точно да напишам? пс. на таа уплатницата пишува: ИКСА на УКИМ, за треба нешто да допишам? мислам дека се е кажано, не знам зошто е тоа 'за'..
Решение за прием на кандидати во првиот уписен рок за учебната 2014/2015 година - Психологија - нерангирани какви се сега овие примени се , не се како е?? филозофски факултет
Не знам на кој факултет си, ама би требало за се да имаш посебна уплатница. Посебно за партиципација, посебно за ИКСА, посебно за испити од зимски семестар, посебно за водич/тетратки и слично. За партиципацијата доволно е веројатно да пишеш „уплата на партиципација (прва рата)“, за ИКСА треба да пишува „ИКСА на УКИМ за _____________ (факултетот на којшто си се запишала)“... и слично. Па тие немале доволно поени за да ги рангираат во државна/приватна квота и тие не се запишани никаде. Остануваат во вториот уписен рок да се запишат.
Потребни документи за запишување на додипломски студии на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ 1. Пријавен лист за запишување во 2011/2012 учебна година со уплатница за административна такса од 50 денари. 2. ШВ-20 (статистички) лист за запишување во 2011/2012 учебна година. 3. Три фотографии (две од 3,5 X 4,5 см и една од 2 X 3 см). 4. Потврда за уплатени 750,00 ден. за информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје со назнака: ИКСА на УКИМ Филолошки факултет „Блаже Конески “, на жиро сметка 160010368978818, депонент: НБРМ, со трезорска сметка 100000000063095, повикување на број 72312, програма 41 (уплатница ПП50) 5. Потврда за уплатенa права рата од 100 EUR (за државна квота) или 200 ЕUR (за кофинансирање) во денарска противвредност на жиро-сметка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ -Скопје. Назив на примачот: Буџет на РМ – Филолошки факултет „Блаже Конески“, Банка на примачот: НБРМ, Сметка: 100000000063095, Сметка на буџетски корисник: 160010423578810, Приходна шифра: 723012, Програма: 41 (уплатница ПП50). НАПОМЕНА: Индексите и легитимациите за примените студенти ги обезбедува Универзитетот и не треба да се купуваат. Барав за Филолошки факултет само овоа го најдов,ама за 2012 е. Дали е се исто или?
И тие што се вонредни плаќаат за информатички, културни и спортски активности, за испити од семестар итн?
Значи потребно ни е: - уплатница од 100 евра за партиципација - уплатница од 750 денари одлука УКИМ за ИКСА - уплатница од 3300 денари за зимски семестар - уплатница од 200 денари за студентски парламент - уплатница од 50 денари за административна та Тоа е се за плаќање? Дополнете ме или одземете ако имам нешто вишок
НЕ НЕ НЕ!!!! Ако си во државна квота плаќаш 100 евра (партиципација) можеш сите наеднаш, можеш пола (50евра). Таа уплатница што ти ја викаш за зимски семестар, е пола од ратата за партиципација. Да не се зафркнеш да платиш повеќе од тоа што треба.
Значи не знам колку сум јас неинформирана или не можам да најдам, каде се проклетите резултати од УКЛО? Едит: Конкретно за Техничкиот факултет, бидејќи гледам дека за некои има. Пак редактирам, ама се снајдов со електронската пријава.
Дали за сите уплатници треба со образецот пп50? И дали можеби некој знае за уплатницата од 750д. и 200д. која е цел на дознака