Сега го гледав календарот на наставни активности за оваа учебна година и прво е упис на година од 9-20 Септември? Што треба да се прави тогаш, бидејќи не ни спомнаа ништо такво вчера на уписи?
Луѓе,на сајтот на ШТУЛ пишува нешто дека требало пропратно писмо или лична биографија да се однесе? Мора тоа или како шо да праам??
Da li treba nov izvod i drzavjanstvn za upis da ne se postari od 6 meseci? Se izvinuvam za latinicata od tel pisuvam
Значи матура полагав Македонски,Англиски,Биологија,и Интерна и педијатрија. Ме интересира дали ми се соодветни предметите за упис на Правен.
Sto imaat vrska predmetite na matura jas polagav Makedonski Angliski Biznis i Ekonomija pa se zapsav na Praven fak
Немаа врска предметите...ако е за тоа јас исто полагав македонски англиски биологија и фиксна протетика...па пак сум запишана на правен =)...Важно е да имаш добри перцентили за да те примат...
Дечки ќе скренам, не бев у можност до 25-26 да уплатам уплатници, ќе може некако да платам во петок? Дека утре неработен ..
За запишување? мислам дека се запишува само кога се роковите, т.е. 25 и 26, после тоа незнам дали може...прашај си во студентски за сигурно да знаеш
Дали знае некој дали таа потврдата дека си вработен може да се однесе подоцна или мора на денот на уписите?
На денот на уписот треба да ја приложиш со сите други барани документи. Или лекарско уверение во замена, ако немаш потврдата од вработување. Инаку, ќе ти бидат некомплетни документи и највероватно нема ниту да ти ги примат.
некој поискусен и постар ако може да ме информира за следново. сакам да продолжам општа медицина на факултет. сега учам и средно медицинско општи смер кој предмети ќе ми бидат најсоодветни за полагање државна матура за запишување на факултет ? и која тема можам да ја одберам за проектна задача ? од кој предмет може да биде ?
Предметот за проектната задача ми беше биологија,тема-па најдобро е да избериш некој органски систем(препорачливо за некој од каде можат да се добијат повеќе информации) од човековото тело или некоја болест,знам дека повеќето од учениците избраа за Хив вирус. За матура полагав македонски,англиски,биологија(можеш и хемија ако многу учиш),истотака има документ на интернетов во кој пишува кој предмет е соодветен за кој факултет.Интерниот предмет зависи кој правец си.Матурата биологија е тешка ама со секојднево учење се ќе постигниш(тоа сите го знаеме ) П.С.Штом учиш во медицинско(и јас бев таму) бранањето на твојата проектна задача ќе биде супер,без никакви проблеми бидејќи супер се професорките.Јас хехехе добив и прашања и морав да прескокнувам некои делови,бидејќи раскажував многу ама ако потенцираш на главните ствари без многу многу објаснувања,брзо ќе помине предавањето (околу 10-15 минути макс) и внимавај на слајдовите,да бидат кратки и јасни без многу текст и многу слики со претставувања на симптомите и градба на органите(сеа за биологија зборувам )
Дали по втор пат се пријавивте на Iknow? ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗА Вториот уписен рок за прв циклус студии 2014/2015 година ЌЕ БИДЕ АКТИВИРАНО кога ќе има конечни информации за бројот на слободни места по студиски програми по завршувањето на првиот уписен рок, а најдоцна до 1.9.2014 и ќе трае до денот на уписите, 3.9.2014. Во овој период ќе биде активно и ПРИЈАВУВАЊЕТО за Проект 30/35. Најпрво отворeте кориснички профил следeјќи го линкот „Регистрирај се“ (ова е потребно дури и ако сте аплицирале во Првиот уписен рок, бидејќи корисничките имиња ќе бидат избришани). Откако еднаш ќе отворите кориснички профил, следниот пат употребете го своето корисничко име и лозинка за да се најавите на системот. ОВа го пишува на почетната страна а со старото корисничко име и лозинка не ме најави, па се регистрирав повторно со истите и добив меил за активирање на новиот акаунт, кој што сега не знам дали да го пополнам од почеток. Што направивте вие?
Ако веќе бираш биологија..најубаво е за некој орган од човеково тело =)...Јас имав анатомија и физиологија на желудник....и супер пројдов...Зависи од тебе што ќе одбереш =)
па ти вика горе, нека ти стои новиот акаунт и чекај после 1ви најави се за да видиш каде и колку слободни места имаш.
Вие што се запишавте во прв уписен рок на факултет, пријавивте семестар на iknow? ми стигна некој меил дека сум додадена во системот на факултетот бла бла и некој си линк за најавување, ама линкот не ми го отвора...одам на iknow.ukim.edu.mk и така не бива.дали страната несто не работи или...? два-три дена пробувам, не бива. хелп?