Јас кога го отворив линкот од Chrome ми се појави следново. Стиснав на proceed anyway и покрај тоа што ми покажува вакво известување. Не знам дали тоа е проблемот кај тебе или за нешто друго станува збор. Доколку користиш друг пребарувач, пробај преку Chrome.
исто и кај мене на секое отворање преку Chrome , преку друго ни немам пробано, но слободно стисни proceed anyway
Добро јас сум бруцош, и сега кога треба да запишам семестар? Треба ли да чекам е-маил од факултетот со информации (корисничко име и лозинка/линк) за да можам да се најавам на Iknow? (мене сеуште ми нема стасано никаков е-маил)
Па да, мислам дека треба да ти стигне маил со лозинка, инаку како би се логирала...во маилот ти ја праќаат лозинката
Јас не можам да се најавам на iKnow системот, кога и пробам ми вика погрешна лозинка и ќе стиснам на заборавена лозинка и ќе си го пишам мејлот и вика Емаил адресата не постои во системот. Има некој друг ваков проблем или само кај мене е така? ://
матеа, не се најавуваме со лозинката која ја ставивме при најавувањето.тие податоци се веќе избришани од системот поради вториот уписен рок.значи од факултетот кога ќе ги внесат твоите податоци, ти стига маил со корисничко име и лозинка кои ќе ги користиш понатаму цело време додека си на тој факултет(барем така мислам).значи види си маил, таму ти ја пишува новата лозинка, ако претходно си пробала да се најавиш со лозинката од пријавувањето
3.9.2014. Во овој период ќе биде активно и ПРИЈАВУВАЊЕТО за Проект 30/35. Најпрво отворeте кориснички профил следeјќи го линкот „Регистрирај се“ (ова е потребно дури и ако сте аплицирале во Првиот уписен рок, бидејќи корисничките имиња ќе бидат избришани). Откако еднаш ќе отворите кориснички профил, следниот пат употребете го своето корисничко име и лозинка за да се најавите на системот ДЕВОЈКИ КАКОВ Е ТОЈ ПРОЕКТ 30/35? И ТИЕ ШТО СМЕ ПРИМЕНИ ОД ПРВ УПИСЕН РОК ТРЕБА ЕЛЕКТРОНСКИ ДА ПРИЈАВУВАМЕ СЕМЕСТАР??
Кај мене нема опција за запишување семестри, има само tab на кој пишува ЗАПИШАНИ СЕМЕСТРИ. Веројатно треба прво да почнеме со факултет, да ги дознаеме можностите за избирање предмети и слично па потоа да ни ги пуштат сите опции.
Кај мене нема ни маил а не па опција за запишување на семестри(Ни во junk маил нема ништо). Кај другите правници има нешто или ЈОК
викториан, мислам дека нема од сите факултети пратено ваков маил, сигурно на тие што имаат помал број на студенти ова му е средено, на останатите сеуште не...
Ваљда не сум толку глупа. Влегувам на www.iknow.ukim.edu.mk и се најавувам со корисничкото име и лозинката која ми ја пратија од факултет и никако не ми отвара. Невалидно корисничко име или лозинка. Да не знае некоја во што е проблемот...
На мејлот би требало да ти пишува да го активораш акаунтот. Прво тоа треба да го стиснеш, а после тоа ќе се најавуваш.
Дали може да се запишам Дентална медицина, да ја завршам 1 година, и да се префрлам повторно од почеток на Општа Медицина.За малку, не го фаќам условот со поените за општа, но за дентална ги имам потребните поени.На дентална имаат различни предмети во споредба со студентите од Општа, па затоа мислам дека нема да ми ги признаат предметите и од поново ке треба да учам.
Оваа година повеќе нема слободни места на медицински, тоа дури од наредна година можеби, а за префрлање не сум сигурна. Така се префрлаат од Штип или Тетово тука во Скопје, ама од општа на општа, а вака општа медицина со стоматологија нема допирна точка, сосема различна тема е, но сепак, најдобро би било директно на факултет да се распрашаш за тоа.
Дали може да се префрлам од правен во Скопје на правен во Штип после прв семестар и има ли некоја процедура на плакање и испишување од Скопје и префрлување во Штип?
Не, мораш да завршиш прва во Скопје, па да се префрлиш од втора во Штип, на пола семестар никој нема да ти дозволи.
Се најавив на iknow системот и разгледувам таму, и во категоријата предмети го гледам ова на сликата. И од кај сега тоа должи? Ова само кај мене се дешава или???
Ние што сме бруцоши треба сега да ги запишеме предметите,или да почекаме дур тргнеме?...Во полето "запиши семестар" го внесов зимскиот и сега не знам дали во "предмети" да ги запишам.