не знам за кој вид на потполнување мислиш ? електронско ? Јас кога бев на 25 ти август да однесам уплатници таму ни дадоа да потполниме еден лист, да заокружиме зимски семестар и да ги напишеме предметите од прв семестар и кој предмет од колку часови се состои и кои професори ќе ни ги предаваат
Сум пропуштила да кажам дека на електронското мислам.Го сторив и јас тоа на факултет на лист,ама за електронското пополнување мислев.
Кај мене на факултет коа се запишував све пишуваше на страната а и во самиот систем коа се влага се гледа што треба да се пополни и се пријавува.
Извинете сакав да ве прашам јас си го имам заборавено пасс на и-мејлот и неможам да го вратам никако дали ке можит некако да ми напрает да се пријавам на друг и-мејл дека тој и-мејл што го дадов ми го имаа хакирано :/ незнам што да правам ве молам за помош ?
мене ми прави проблем iknow системот , пишува дека не ми е таа email адреса и нова направив ни со таа не сака , а морам да го пријавам електронски зимскиот семестар има некоја од вас ваков проблем ?
Исто е и кај мене. Не се потресувај, сигурно ќе може да се внесува откако ќе почнеме со факултет. Како и да е ти си имаш запишано семестар со тоа што се имаш запишано на факултет.
Девојки денес ми стаса на меил дека треба тоа електронски да најавам и пишува нешто за таксени марки преку СМС пораки.Може ли да ми објасните како да го направам тоа оти сум бруцош и не сум запознаена.И мора ли тоа да се стори сега?
^ Можеш да уплатиш за таксена марка преку смс порака, на 144166 со текст ТМ име и презиме и пишуваш 50. Потоа тие по порака ти испраќаат едно бројче и тоа го пишуваш на испитна пријава, и така пријавуваш испит. Ама јас повеќе пати имам пробано ама поради веројатноста дека за испитни сесии тој систем е преблокиран, јас досега немам добиено повратна порака а пари ми земаат од на сметка. Јас би ти препорачала доколку на тел. имаш андроид систен од на плеј стор да си ја симниш апликацијата Таксена марка, така барем никогаш не ме зафркнале
Има ли некој бруцош од филолошки што има добиено е-маил за најавување на Iknow и пријавување на семестар? Гледам сите веќе сте се најавиле, а мене сеуште ми нема стасано е-маил
Zdravo devojkii, sakav da ve prasham ako ima nekoja shto znae dali i koga ke se pustat elektronskite prijavi za tret upisen rok? blagodaram odnapred
Женски каде да ги најдам сите овие потревни документе за упис на вториот упис 3. Образец за запишување на семестар. 4. Пријавен лист од Државниот завод за статистика на РМ. (Образец ШВ. 20) Потврда за уплатени средства во износ од: 5. 200,00 денари, за оформување на студентско досие; 6. 100,00 денари за библиотечен фонд за библиотеките на Институтите при ПМФ; 7. 100,00 денари за колективно осигурување на студентите на ПМФ од несреќен случај; 8. 100,00 денари за Студентски парламент * (само за оние студенти, што сакаат да бидат членови на Студентскиот парламент); 9. 750,00 денари за информатички, културни и спортски активности на студентите на ПМФ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје; 10. 100,00 денари за обезбедување; 11. 350,00 денари за прирачник, Ако знае некој да ми каже.. Поздрав се најубаво
Па тука не гледам дека ти требаат некои документи освен образец и пријавен лист. Тие можеш и на самиот факултет да ги најдеш или во некоја книжарница/фотокопирница во близина на факултетот. Останатото треба само да го уплатиш и да ги однесеш уплатниците како доказ.
феминки некој што можеби се запиша на филолошки во штип? знам треба да пишам во темата угд, ама можеби некој и овде ќе ми одговори.
Здраво,дали има некој спуштено документ за запишување на машински факултет,тргнати се од страната а ми требаат точните цени за запишување..ви благодарам,поздрав