Е истото и мене ми се случи, си пишувам нешто женски работи и одеднаш ми текнува дека треба да пишувам како машко.... ццц, па ајде поправај лица, именки.... А тестот не ми беше тежок, есејот го напишав каков таков, ќе видиме. Битно ПОЛЕСЕН беше од македонски ДЕФИНИТИВНО!
и на мене ме изнамачи 4 ама ајде важно помина сто ми е најбитно ми дојдоја супер идеи за есејот а и кај нас сите се ама бас се испрепишаааа од мобилните и дури слободно си разговараа си пушта пораки КАТАСТРОФА и после се прашуваат зошто младите сакаат да одат во странство.. па ете зошто затоа што се е со врски
леле а јас за малку ќе го донесев „дечко ми“ со мене и имав едно прашање дали тони ќе иде.. ама тоа оде и за машко може му е другар
Тестот ми беше прелесен. До 11 30 веќе бев готова. Одговорите на 5та вежба на памет ги знам од толку повторување. A B A B C C C B A
јас одма таа задача ја решив... беше една од полесните. пет четвртини треба да испадне резлутатот на крај. се заменуваше преку формулите во таа М=.... А 40задача не ми текнуваше и немав време и само напишав 23,24,25... н=44, д=1 а онаа со мх да го најдеш м ти излезе?
А англиски можам да кажам дека ЗНАМ дека се' ми е каша попара измешано Само есејот и тоа писмото се точни другото ...катастрофа ...такво чувство имам ако не полажам ке си спремам јавно бесење на сред плоштад! Ке бидете обавестени за јавното случување да дојдете да се збогуваме Мразам двосмислени прашања смотани!!!
Angliski prvata vezba tocna li e vaka kako sto ja napisav D,E,B,A,C [mod-kirilica:2j8ngqqj][/mod-kirilica:2j8ngqqj]
^Little one, мене ме потсетуваа на нешто, кога испаднав ми текна - вкрстена рима забегав. Значи вака, тесто за мене ЛИЧНО беше прелесен. Не ми се веруваше кога ги читав прашањата, се обидував да најдам нешто двосмислено ама не успеав. Се беше јасно нагласено, повеќе од 5мин на едно прашање на потрошив. Исто и темите за есеј беа јасни, прецизни и со доволно информации. Во споредба со лани, не смееме да се пожалиме. За мене беше лесно затоа што веќе 2-3 години читам без проблем книги на англиски, не сретнав непознати зборови и прилично многу се спремав во текот на целата година. АМА - секогаш има АМА - тестот не беше наменет за просечниот македонски ученик со неговите познавања на англискиот јазик. Да бидеме реални, во еден клас од 30 ученика, дали 4-5 го владеат јазикот на Advanced level каков што беше тестот. Значи, јас сметам дека општо сметано, беше претежок за повеќето. Се вкочанија кога го видоа. Богами, можам да замислам како е да читаш а да не разбираш што се бара. Мислам дека треба да бидат барем за ниво, две полесни - Intermediate би било сосема соодветно ниво. Плус пак ми се падна таа диктаторката од некна, мамара беше цела училница, значи сама го решавав тестот, да не помислите дека имало групно решавање. Жал ми е што не успеав да им покажам на другите, таа цел тест стоеше над мене. Инаку, за првиот есеј ми испаднаа 116 збора па шкртав. А за вториот 134 па допишував, на крај, едниот има 103 - дозволено е 10 збора +/- - а вториот ми испадна 158. Задоволна сум од тоа како ги напишав есеите, стварно мислев дека ќе дадат некоја глупа тема како лани. Како аргументи ги наведов - незнаењето на ниту еден збор од почеток, тоа може да те демотивира да престанеш да учиш. Како пример се земав јас, као демек со италијанскиот. Втор аргумент ја земав граматиката - германската како пример дека многумина не го доучуваат јазикот баш заради неа. Трет аргумент - точното изговарање на зборовите. Пример беше кинескиот јазик, многу дека го изучуваат со години а пак не успеваат да зборуваат како што треба. ЕДИТ : Поука за наредната година - да не играте на тоа уво дека ќе дојдете и се ќе препишете, ќе се снајдете одма као демек... Солидно спремање му е мајката. Под тоа не подразбирам спремање ден пред матура, туку барем 6 месеца претходно.
Јас наведував аргументи нешто како граматиката е тешка и дека за џабе учиме зборови ако не знаеме како да ги подредиме, потоа дека студии покажале пишењето е потешко од зборувањето и вокабуларот тешко се учи богата лексика.. пример баш и не дадов... а наредив а? бравос за мене
значи ама баксуз и на македонски и на математика на прва клупа ама ајде ок поминав на математика сите што полагаа со мене во училница беа тапи самите си кажуваа дека не ни биле некогаш на час по математика од нив ако поминат 4-5 највеќе и тоа цело време со препишување задачите баш и не беа лесни, многу формули се бараше ама сигурна сум дека ќе положам само незнам со колку хепи што конечно и тоа помина
Не се жалете бре девојки толку многу Во мојава гимназија ни на мак, ни денес, немало одговорни од Ск, што значи јасно ви е како изгледало полагањето . А, сигурно и во другиве градови, немало, така да, ви олесниле до немај каде, за разлика од лани А и 5ки може да имате со 91-2 % точно, така да, де уживајте малце, замислете си дека матурава е ко секој можен испит на факултет, со иста тежина, и ќе ви биде мн поубаво Тоа полошото допрва иде
40та ја решив со формулите за аритметичка прогресија (мислам дека е така) прашав за онаа со м каде требаше да се најде за решенијата да се негативни броеви... Мислам дека ми излезе м<4 но не верувам дека е точно...
А имавте ли проблеми со баркодот ?? Кај мене во училница имаше 4-5 такви бар кода, како недопечатени беа имаа и една гребнатинка на нив, вклучувајќи го и мојот тука. Мамицата нивна ако ми направи некој проблем тоа.
јас одма таа задача ја решив... беше една од полесните. пет четвртини треба да испадне резлутатот на крај. се заменуваше преку формулите во таа М=.... А 40задача не ми текнуваше и немав време и само напишав 23,24,25... н=44, д=1 а онаа со мх да го најдеш м ти излезе?[/qu за разлика од претходниве години математика не беше бас лесен тестот како што викаа дека ке биди полесен за да полагаат повеќе математика а да ве прашам дали некој нешто знае око оценувањево како ке биди отприлика колку задаци ти требаат за да положиш
Кај мене баркодот имаше една црна линија така попреку измачкана но ништо не ми кажаа ниту пак јас прашав..можно е заради тоа проблеми да прават ?
Што направија тие што полагаа, како поминавте? Дај кажете што имаше во тестот по англиски, мене в година истово ме чека