Здраво сакав да прашам дали може проектна да бидне по македонски јазик дека се полага како задолжителен предмет?! И да ми дадете некоја идеја која тема по македонски би ми била интересна за проектната
Да, може. најдобро е да земеш некое дело, прво ќе напишеш биографија за авторот, а потоа ќе го раскажеш делото(кратка содржина) и на тој начин ќе ти биде лесно и за презентација
http://kurir.mk/makedonija/vesti/17...se-polaga-drzaven-ispit-vo-2-ra-i-4-ta-godina http://sitel.com.mk/mon-najavi-dve-novini-vo-visokoto-obrazovanie Е ова е /\
За полагање на Англиски јазик на матура, треба да се учи од Matrix, нели? Aко знае некој да ми каже во која година - од кој учебник се учи. Знам дека има еден зелен, тоа е се.
Колку што знам полагаат и тие што нема да се запишат ама не 4 туку 2 предмети..бидејќи нели тоа е доказ дека имаш завршено средно образование.
Дали знаете за кои предмети може да се прави проектна задача за матура, во средно стручно (економско)? Секој професор различно ни кажува..
Јас мислам дека проеткна задача може да се пишува за било кој предмет што го имаш слушано 2 години или пак ако предметов го имаш слушано една година а имаш повеќе од 3 часа неделно. Е сега не ме фаќај за збор не сум многу сигурна,или пак може да се полага било кој предмет. Стварно не знам. Кај нас уште немаме почнато да избираме предмети за полагање матура и прокектна задача. Ама како и да е што и да избереш за прокетна не влијааела ништо. Ако сакаа некој од поискусните нека ни каже
Проектна по кој предмет сакаш по тој можеш да земеш, без разлика дали е изборен предмет кој си го учела една година или две, а тоа што го вели Анна е за матура мора да го имаш слушано или две години, или една година ама три пати неделно.
Доказ дека кај нас никој од претпоставените не е заинтересиран за ништо. Педагогот ни рече дека може да се избере било кој, стручен предмет, безразлика на тоа колку време сме го учеле. @L-enna и јас сум од економско. Колешки, де. Баш попладнево дискутиравме со другарка, колку предмети имаме ние. Таа ми вика два екстерни (мајчин јазик; задолжително нели и англиски или математика), еден интерен и проектна. Јас колку што знам два се екстерни, два интерни и проектна. Како е навистина? Чувстувам дека десет пати ќе се предомислам пред да падне конечна одлука, кој предмет за што. Паники ме фаќаат за мај од сега. Едит: Гуглам и гледам грешка сум, а? Туку, листата на предмети за нашата генерација, кога ќе ја објават?
@mamma-mia Мислам дека и кај нас годинава се 3 екстерни, 1 интерен. Зборувавме со една проф, ни рече прв македонски, втор англиски/математика, трет некој општонаучен(?) пример информатика, бизнис, историја, хемија или физика (кај нас информатика/бизнис) и четврт - стручен кој го имаме учено мин. 2 год. И ни кажа дека бизнис се само 5 теми од сите 4 години, па ме замисли тој да го земам за полагање, или информатика како шо планирав првично. А од стручен веројатно економија ќе полагам. На страната за Матура ја објавуваат листата?
@L-enna Добро е што ме потсети. Така е, откако те прочитав се сетив на зборовите на педагогот. Третиот екстерен предмет рекоа дека може да биде или бизнис или историја. Баш другар ми се изреволтира бидејќи сакаше да полага информатика. Ама како што ни самите не се доволно информирани, претпоставувам од понеделник ќе додадат уште нешто. Јас сериозно се двоумам. Историја немам учено две години, а со паметење датуми малку потешко ми оди. Бизнис ми е еден од омразените предмети, иако го учам од прва. Претпоставувам тоа полесно ќе ми оди, иако желбата за првиот ми е поголема. Стручен планирав право, ама и него не го зедов за изборен во трета и четврта, а на две години нечепнато веројантно ќе си имам потешкотии. Уште викендов ми е за размислување, ќе отупам, мајке ми.
ќе може некоја страница за подетално да се информирам во врска со избирање на предмети за полагање на државна матура и тема за проектна задача ?
Јас имав по Бизнис и претприемништво пред 3 години проектна матурска, ама мислам дека немаше врска тоа колку пати го слушаш предметот зошто мислам дека земаа баш буквално по сите предмети без разлика, така беше тогаш. Иначе да, не влијае по што и да избереш поените се поени и исто важат секаде.
Во школо ги читаат 3те екстерни и предмети кои можеш да ги одбереш како интерен. Јас прв пат слушам дека имало страница за матура.