Сите информации околу полагање на матура ги имате на matura.gov.mk вклучувајќи програми од предметите кои се полагаат, изминати матури, примери за проектни задачи итн.
Да,да така професорката ни кажа,дека таа била Е сега не знам,нека кажат и другиве матуранти Ама не е можно професоров да не знајт
здраво сакав да прашам дали англиски екстерен предмет се дознаваат еден ден пред матура темите за есејот и писмото? зато што сретнав низ други форуми од претходните години каде што ги имаа објавено темите ден пред полагање на матура англиски
Zdravo .. imali li nekoj esej za " Sporedba na Cicko Gorio i Zlostorsvo i kazna " mi treba za matura pozz
Ме интересира и тие што ќе полагате историја како се спремате? Јас сум стручно,а добив информација дека програмата за полагање била од гимназиско образование
Кој датум се полага интерниот предмет?? Ми рекоа после 3от екстерен значи после 19 но кога точно :/ инаку стручен предмет полагам.
И јас сум стручно само 1ва и 2ра учих иссторија и сега за сега не се спремам ако имаш некој материијал за учене прати во порака..
^^ Немам никаков материјал освен учебниците од прва и втора што ги фотокопирав...Немам ништо почнато да учам, а и незнам дали само побитни години да учам или како
И јас полагам историја. Видов на испитната програма дека се бараат само општи и битни податоци. Отворете ги тестовите од минатата година и ќе видите од прилика какви прашања има. Јас ги ископирав книгите од 1,2 и 3 година. Од 4 сметам дека не треба, поради тоа што е скоро иста со таа од 3. Не би требало да дадат комплицирани прашања од причина што ова ќе биде втора година како се полага историја. Иначе има прашања на заокружување, дополнување, дадена слика и со неколку прашања за неа. Во врска со учењето, ќе читам се, а најмногу ќе посветам внимание на она што го бара испитната програма.
Темите никој не ги знае, се до денот на полагањето! До тогаш која тема и да ја кажат е лажна, затоа што темите ги знаат само оние кои што ги смислуваат прашањата. Така да вежбајте се.. Се знае само за македонски, ќе се падне за некое дело или автор од реализмот.
да ве прашам...англиски имаме да си одбереме ние што сакакаме дали писмо дали есеј или и двете треба?
Англиски се пишува и есеј и писмо за разлика од македонски каде може да избереш од темата за реализам или слободната тема што ќе ти биде дадена.
Дали знае некој на интернет каде можам да најдам одговори од прашања за матура? На пример по биологија....