дали ќе можи некој да ми кажи што ќе опфатите во воведниот главниот и завршниот дел. И што ќе вмените од национална литература?
Што зборувате ,,Црно семе" , ,,Пустина "? Тие се дела на повоената македонска литература, како што пишува во прирачникот во македонската литература како правци постојат само просветителство и романтизам, а реализам нема. И тоа го има нагласено во прирачникот од проф. Богданоска на стр. 245 првиот пасус.
Па затоа и јас се збунив... Не знам. Кажете што ќе пишувате,ја планира да пишува за "Злосторство и казна" и "Чичко Горио" и пример да го анализира ликов на Раскољников и на Чичко Горио или Ежен...
И ја планирав да правам анализа на Горио и на Раскољников, ама една другарка ми рече дека некоја проф. и рекла да пишува и за Иван Илич..
Ме интересира дали слободната тема и темата за реализам носат ист број на поени? И дали знаете што се паѓало последните неколку години како слободна тема?
Исто поени носат,така нас професорката ни кажа Ние ја немаме ни обработено ова Смртта на Иван Илич... Абе ме побудале матурава мене,крај.
Јад добив информација дека темите ќе биле: 1.Општеството опишано преку делата на Балзак и Достоевски 2.Како влијаат родителите врз изборот на мојата професија и ќе бил сличен на тестот од 2012год. НЕ МЕ ФАЌАЈТЕ ЗА ЗБОР ТАКА РАЗБРАВ ОД МОИТЕ СОУЧЕНИЦИ
Значи луѓе, за есејот држете се до Чичко Горио и Злосторство и казна, по најмалку еден лик од двата романи е правилото... јас планирам да пишувам и за Ежен и Вотрен по некоја реченица, и за Соња @cacahuates, Смртта на Иван Илич ја нема воопшто ни во програмата. А и не мешајте национална литература, во поделбата на македонски автори го нема поимот реализам.
@delevingne за оваа година објавено е Реализмот во литературата ништо повеќе и дека треба да се пишува за два писатела со по два лика. @fatamorgana123 Незнам ви реков не фаќајте ме за збор така ми кажаа тие,неможеме точно да знаеме додека не седнеме да полагаме и видиме ми здосади веќе да помине сакам
имам прашање во врска со броење зборови за есејот. Дали сврзниците "а", "и" се бројат како еден збор?