Боза беше и да учиш и да не учиш исто ти се фаќа, наоѓаш еден од 15 кој знае и пишиш... не се исплаќа да учиш/..
За кого како, зошто да одиш неспремен и да не учиш кога можеш да си појдеш опуштен и сигурен во себе? Не би си препорачала ни на себе да очекувам од некој друг или да се подпрам на некој, ем со ризик одиш така ем некој што си учел за него или си знае сеедно(ако си учел си знае) да ти кажува, па за друг никој не се мачи .
Според тоа што проверив сите одговори ми се точни, само за еден се двоумам. На последното од 3та вежба одговорив под C Вие?
Аха, аха, играјте вие на тоа уво дека ќе препишете. Полош совет не можеше да и дадеш. Гледам кај мене во групава се спремаа од мене да препишуваат, се падна строг тестатор не можевме да мрднеме... и што после ?? Кој бил крив ? Јас и реков и на Лукс преку ЛП, ќе речам и тука - само солидно спремање му е мајката. Ако сакате 5ки, тоа е лекот. А за една двојка, ќе се снајдете и од спиење да отидете. Само, кој што сака.
да но знаеш како е некој се пијанчел испаѓал мака си немал прирачникот го зел во понеделникот вечерта а полагаме вторник прочитал 20 минути и ги препишува твоите одговори со тоа се намалува рангоТ за добра оцена ем исто имате. и есеј малку подобро се изразил и подобар е од тебе во поени.. баш иронично и не е баш убаво чувство да знајш дека си учел цел месец за сите 20 „лабави“ да се како тебе.. а не е да не помогниш на некој, немам такво срце.. не ме сфаќај грешка тоа го кажав иронично.. како што напишав погоре и не е баш убаво чувство да учиш цел месец и на крај сите да препишат од тебе и сите да се исти со тебе, плус некој се изразува подобро на есејот и е дури подобар од тебе а абер си немал.. а не е да не помогниш на некој... тоа ми беше поентата цела матура се сведи на групно одговарање. или ако може да се нарече тоа ГРУПНО научиле 2ца и сите се вадат... не е баш фер.. али ај сите нека не биде
Ама и среќата е многу битна, зависи како ќе се погоди тестаторот и до дали ќе имаш во близина некој што знае англиски. На пример кај нас се погоди да има мои другарки кои врска немаат англиски, а се што јас решив и тие имаат напишано. Тие што беа подалеку знаат колку толку ама за жал овие кои не се замараат ќе имаат повисока оценка од тестот. Мене оваа матура не ми е ама ич мерило за знаење Ама секако дека нема да се ставам на ризик и да одам неподготвена чекајќи од друг. Тоа не е ништо сигурно, ама кога некој не се заангажирал за англиски 10 години не може колку и да сака да го научи макар и 6 месеци да се спрема. Македонски да, ама ова не. Како и да е ќе видиме какви ќе бидат резултатите, не ми е мене и прегледувањето многу веродостојно.
лел значи како што слушам оваа година било баш урнебес на полагањето лани не беше вака, не ни знаевме кои се темите, не ни шпекулиравме околу тоа.. бевме спремни за секакви теми, очекувавме секакви глупости дека ке ни дадат да пишуваме (добро не баш за стурец и мравка ) ама пак поминавме со прилично добри резултати.. а сега што? се на готово? па и препишување од мобилни..ццц
Леле кај писмото ептен се имам знесено и не сум го прочитала како што треба па и си пишав дали може на забавата да идам со дечкоми и ја си се потпишав. Има шанси ништо да не ми признаат од писмото?
Imam edno prasanje.. Jas na maturata makedonski ne gi zaokruziv tocnite odgovori od prasanjata vo testot tuku samo gi oboiv krugcinjata ne znaev deka trebalo i na testot, dali mislite deka ke mi gi prifatat ??? P.s. izvinete sto pisuvam na latinica, nemam na ovoj lap top kirilica.
Да ќе ти ги прифатат не гледаат што си заокружил во тестот само од црвениот лист одговорите се земаат..
^^^ Јас мислам дека тоа нема врска , битно е да ти се обоени на црвениот лист.Прееска едно девојче кажа дека згрешила , дека има погрешно заокружено во тестот, а точно обоено и и рекое дека тоа нема врска дека се прегледуваа црвениот лист компјутерски
Нема да ги прифатат. Професорите прво ги пишуваат одговорите што ги имаш во тестот на ист лист како нашиот. Ги бојат крукчињата кои ние сме ги заокружале во тестот. А потоа двата лисја се проверуваат на компјутер. во случај на матурата да имаме заокружано еден одговор, а на листот друг автоматски добиваме 0 поени
Ајде бидна, битно помина. Се надевам сите ќе бидеме задоволни од оценките. офтопик: Ме интересира колку од членовите што се регистрираа само за да прашаат која тема ќе се падне, ќе напишат барем уште едно мислење на форумов
Нема шанси да е така, не се секирај. Ако се замараа они да ги бојат пак кругчињата на сите тестови, знаеш кога ќе имаше резултати- догодина Тој шифрарникот е направен за побрзо да оди прегледувањето, компјутерски се прегледува. Таму се битни одговорите, нам ни рекоа и точно да ни е во листот во шифрарникот ако сме обоиле грешка џабе е. Што значи не се ни гледаат заокружените одговори директно во тестот. Не го плашете девојчето
Па требало да се распрашаш Ани претходно, тие што полагаа ги знаат правилата, а и зависи од тие што ќе ги прегледуваат тестовите од нивните критериуми. _____ Тие што пишуваа ден пред матурава за писмата и есеите секакви информаци/дезинформации се прашувам само со која цел, или се обидуваа да ги испобунат и испобркаат тие што полагаат, место да се доспремаат и повторат материјалот тие седнале по форуми да пишуваат за непроверени информации, и да имав некоја информација ако не знаев дека е точна немаше да ја постирам тука и да направам збунки. Или не се матуранти па само се зезаат така трошејќи си време .
Мојата професорка по макеоднски јазик е оценувач уште од пробната матура, така да таа ни кажа дека тие самите ги бојат шифрарниците со наши одговори затоа што може и да не се совпаѓаат одговорите од матура со тие во нашиот шифрарник и затоа е можно препишување. И тестаторката ми го кажа истото. Па вие ако сакате верувајте
Па не беа информациите баш дезинформации..Јас есејот македонски го дознав од сигурни извори и да точно тој падна..Сепак колку и да се правеле лоши проф. сакаа пак да ни помогнат и се трудеа да извлечат повеќе информации за да ни помогнат..Срцки си ги сакам