Дечки, за бројот на зборовите во клучевите од минатите години јасно пишува: Не се одземаат поени ако текстот има: 300-550 збора Се одзема 1 поен од критериум композиција ако текстот има: 290-560 збора Текстот не се прегледува доколку има помалку од 290 збора односно повеќе од 560 - Во вкупниот број на зборови не се бројат зборовите од насловот. - Датумите се бројат по еден збор за ден,месец,година. (пример – 16.06.2010 има 3 збора)
@Simplicity 2.3 мислам дека е во ред, егзистенцијализмот 2.4 тука сметам дека ако се напише сеедно му е, би можело да биде точен одговор (гледајќи како во клучовите се одговорени некои слични прашања) А точно е дека на крај посакува да поживее уште малку т.е. вели не е исто дали ќе поживее уште некоја година повеќе или сега ќе умре. Па затоа, Мерсо посакува барем за време на смртта да биде опкружен со луѓе заради што цел живот бил оттуѓен, ама прашањево повеќе се однесува општо каков му е ставот за животот низ целиот роман, а се до пред смртта него му е сеедно.
Нашите ученички книшки се во школо ако вашите се дома земете ги ама мислам дека треба едното од двете било кое а може и двете зошто да не кој како сака само личната карта задолжително
Токму заради отворениве прашања и јас побарав клуч Заради она што секој различно си ги одговара прашањата, а не можеме да знаеме кои одговори би биле прифатливи. Според она што гледам колку испревртени одговори на други прашања има во клучевите, претпоставувам дека и сеедно му е би можеле да го сметаат како одговор. Во секој случај и рамнодушен став е супер, дури и уште подобро дефинирано.
И мене ме мачат прашањата со дополнување. И често ми се случуваше додека ги вежбав минатите тестови, мојот одговор да го нема во клучот. Тоа би значело дека ќе ми го земат за грешно, така? Некаде пишува дека има простор и за други одговори, исти по контекст, ама таму каде што не пишува
Сметам дека ако со други зборови го кажуваш буквално истото од клучот би требало да добиеш поени. Инаку, краток совет од мене поточно од мојата професорка - бидете концизни - одговарајте кратко и јасно, нема потреба од цели, долги реченици.
сега дознав дека ќе имало пробивање на тестовите во 5,6 сабајле...ако ги добие некој ве молам објавете гиии
ме интересира како одговоривте на 2.7 Кој факт најмногу влијае врз докажувањето на вината на главниот лик? Јас овој одговор не би знаела да го дефинирам баш.
Мојот есеј е само за Злосторство и Чичко Горио, иако и Чехов е реализам, сепак е последна фаза- натурализам и прилично се разликува од почетните фази каде творат Балзак и Достоевски. Не знам што да кажам, не знам како би можел да биде утрешниот наслов.. Ако пак во насловот се споменати и расказите на Чехов, ќе мора и за нив да напишеме нешто..
Не влијае врз него затворот на самиот крај кога ќе го избегнува свештеникот и ќе сака да биде потполно сам за да размислува за сѐ што поминало? Плус тој не ја прифаќа вината,само размислува за состојбата во која е.