Во прирачникот пишува: По неколку дена... го раскажува целиот ден: плажата, Ремон, караницата, сонцето, петте куршуми. Па би требало фактот да е самото признавање дека го убил Арапот.
Да ама го прикажува како несреќен случај т.е тој не ни зборува за убивството бидејќи што и да се обиде да каже се смета за признавање.А,поради неговата рамнодушност доаѓа дека признава.
Ги имате ли решено прашањата за Диво месо од август 2012? Ова се моите одговори: 3.1 б 3.2 б 3.3 б 3.4 б 3.5 в 3.6.в Се согласуваме?
И дали ке згрешам ако вов воведот пишувам за реализам општо па потоа во главен дел да напишам за кои автори ќе зборувам?
Јас вака ги одговорив само последното по а), ама гледам под в) е пошто познат драматург бил овој Дејан иако јас сега го читам. + песната од Радован не сме ја обработиле, ако некој одговори ако сака да ги каже одговорите би му била благодарна.
Задолжително е да се употребат по 4 лика? Јас мислев дека е доволно севкупно 2 - по еден од секое дело.
Јас ова би го одговорила: Неговото минато. (затоа што во текот на судската постапка, тие го занемаруваат злосторството, копаат по неговото минато, односот со мајка му и сл.)
На Матура страната во препораките пишува дека треба да се прикаже реализмот преку најмалку 2 лика од различни дела. Еве: Учениците задолжително ќе треба да изберат дела и автори од светската книжевност кои го отсликуваат овој период, но во пишаниот одговор на темата ќе може да дадат примери и од националната литература. Идејата на Реализмот треба да се претстави преку најмалку два лика од различни дела.
Да се обработат најмалку две дела, не е задолжително за ликовите. Јас од „Злосторство и казна“ го спомнувам само Раскољников, а од кај Балзак ми се опфатени скоро сите.
Сега завршив со прашањата за Улица и ги одговорив вака: 4.1 по Втората светска војна 4.2 во Скопје 4.3 за да може да чита книги 4.4 улицата е симбол на лош пат во животот (уличарскиот живот) 4.5 му ја прераскажува содржината на „Тројца мускетари“ наместо Том Соер, претставувајќи ги мускетарите како блиски роднини и менувајќи им ги имињата 4.6 јас- наратор 4.7 „Децата на капетанот Грант“ и „Јунаците од Павловата улица“ 4.8 Две Марии и Село зад седумте јасени
@L-enna значи, најмалку два, доволни се и два, а може и повеќе ама не е задолжително. Зашто чудно ми падна гледам сите со по 4 лика сте пишувале