Дечки ќе ставам тука нешто,незнам колку е вистина и дали стварно така ќе биде. Сликиве ги добил еден другар и пиша дека биле демек од некој од тестаторите...
Од претходните матуранти да прашам, може да се препишува? Добро зависи од тестаторот, но ме интересира како вие сте поминале.
Кога ќе се бројат зборовите во есејот, каде се пишува бројот, дали може да се напише наизменично низ есејот, не смета тоа така ?
oд штo препишувaте,кaде гo ,,криете,, тoa. Нa нaс не ни дoзвoлувaa ништo, се земaa и стaвaa нa еднa клупa дo врaтaтa и aкo сaкaме дa излеземе зaпишувaa чaс кoгa сме излегле и кoгa сме сњ врaтиле, т.е. минути кoлку сме oтсутни..
Мене искрено не ми се верува дека сето ова ќе падне. Прво- премногу е. Вечерва ги решавав тестовите, секаде се спомнуваат до 5/6 автори. Второ, скоро сите дела се од ист период (творење во втора половина на 20ти век или модернизам). Верувам дека некои ќе бидат, но не сите. Едит: Од повеќе професори е потврдено дека Антигона, Цар Едип и Процес на Кафка, ќе бидат од следна година. Не би требало да не заебат на денот на полагањето.
Леле луѓе напнавте значи. За тоа време што ги барате тестовите што се невозможни за пробивање , па уште и одговори на тацна, ќе земевте и ќе прочитавте учебникот. Од тие рекла-казала муабети и толку махери за пробивања ми се препоти Поише паника стварате и ги буните останатите. Друга работа, јас ги решавав тестовите и многу прашања и граматички и литературни се повтараа. Така да нема логика да ги превртуваш тестовите од онаа или оваа година да ги учиш зашто они топла вода не измислуваат, Книгите се тие, граматиката е таа, бог да чува. И со темата на есејот исто, реализмот е тоа, две книги има само потребни за обработка од тој период и тоа во поопшта форма. Сигурно нема да дадат тема "Левиот чевел на Горио на десната нога на Раскољников" Уште за на факултет се спремате, а не сакате книга од ебани 350 страни што сте ја учеле 10 години да прочитате . Од мрза си патите.
Еве на од државна матура страната сега гледам тргнат е тестот од 2007 , а пред неколку часа го имаше ....можно е да биде тој тест
Луѓе значи сфатете дека не може да дадат ист тест од некоја година. И сигурно тестовите нема да ги составуваат во пет до дванаесет Има уште осум часа до матурата тестовите се веќе готови и подобро да си помогмеме мѓусебе, а да не ствараме тензијаи напнатост со ширење дезинформации. И со среќа утре на сите
Феминки можит касно е ама вака на странана од матура.гов......кај што е објаснето за македонски јазик е наведено вака: Идејата на Реализмот треба да се претстави преку најмалку два лика од различни дела....значит можит да се паднит Споредба Чичко горио и злосторство и казна..Па ќе видиме што ке бидет утре..Иначе со среќа на сите утре..
Значи дечки, без оглед како и да пишуа темата, ќе ви пишуа отстрана што треба да опфатите, а тоа ќе се тие точките: два лика да опфатите и останато. Не се секирајте, лесно е, само внимавајте на зборовите и никако чкртање. П.С лани да, препишувавме, ама зависи од тестаторот. И уште нешто, не знам кој спомна погоре дека лани ни се паднале од 2007 и 2012, нема врска...може неколку прашања да имаше од тие год, другото немаше врска. МЕСТО ДА ЧЕКАТЕ НА РЕКЛА КАЗАЛА, СЕДНЕТЕ ПРОЧИТАЈТЕ НЕШТО.