Информацијава 100% ти е сигурна? Јас ептен со есејот забегав,па кратев па дојдов до 500. Е сеа може ќе имам 4,5 збора плус. Страв ми е само воопшто да не не ми го прегледаат,па сите бода да ми ги одземат. Инаку се на се` не беше многу тежок,имаше двосмислени ама мислам годинава дека е еден од полесните. @Anna-Banana и јас ја имам истата грешка,а и уште сум убедена дека е патриотска!
ама имаше во извадокот и нешто како стнава зависен од нив како зависник од коцка и цело време носталгија имаше кога ги повикува ќерките то беше двосмислено дефинитивно
Модерна, современа, повоена литература (повоена напишав јас ама мислам дека сите се точни ) Болест и грев беше опцијата, не гнев... зависност и носталгија заокружив јас, единствено логична, посебно затоа што ги споредува со коцка, порок... Човечка добрина За Копачите точно е малце двосмислено, ама да имаше опција нешто со револуционерен карактер да... вака патриотска не ми иде А за тоа што симболизира првата строфа - револуционерна преобразба во општеството (или како и да беше формулирана онаа претпоследната опција ) ?
Се убив од мислење на тоа и на крај заокрижив револуционерна преобразба на општеството, најлогичен одговор ми беше
Тоа со Чичко Горио беше грев и болест. Прво вели дека се разболел од нив, а потоа дека љубовта кон нив била грев. Што не беше јасно? Да, љубовта кон нив е и зависноста, ама каде побогу најдовте носталгија? :О И носталгија по што? Тоа со револуционерна преобразба на општеството е точно. Јас мислам дека не е социјална, ама не сум сигурна. Тоа со парите се отепувачка со мотивот како го одговоривте? И дали знаете отприлика со колку грешки е 5ка?
И јас заокружив грев и болест. Имаше дел, каде што кажуваше: скапо го плаќам гревот што ги љубев премногу (така некако беше, ако се сеќавам добро) . За мотивот, не се сеќавам како беше прашањето. Зошто отишол на печалба? Ако е тоа, одговорив за татко му да го исплати долгот и да не оди да работи како аргат. Туку, мене ме интересира, за оние текстовите за читање што беа. Дали во тој поврзан со глобализацијата, некој одговори НОВИ ГЛОБАЛИЗАЦИСКИ ПРИНЦИПИ, за тоа што претставувале тие унифицираните економски мерки. Мислам знаете на што мислам... Единствена сум со овој одговор? Знам дека во текстот пишуваше дека Светската банка и Меѓународниот Монетарен Фонд предложиле унифицирани економски мерки ЗА (нешто, не се сеќавам точно што беше). Само знам дека сите го заокружија тоа после зборчето ЗА што беше напишано... Не знам колку ме сфативте што кажам, се надевам не сум единствена со одговоров И оние комедијантите мислам ќе ми ги земат за грешни. Ги напишав на македонски како што беа дадени, и плус тоа во заградата што беше (се двоумев, не знаев кои имиња се за во филмот, а кои за во вистинскиот живот). Тоа во заградата да ти биле вистинските имиња. Жити се, која е логиката на матура по македонски јазик, точниот одговор на прашањето да е напишан на англиски?!
Тоа со глобализацијата е преструктуирање на националните економии. А тоа со комедијантите ти е точно. Како што пишува таму ти треба исто така да го препишеш. Ако немало потреба од тоа во заграда немало да спои во текстот. Нема врска што е на англиски. Ист случај беше и со POV ефектите.
Глобализацијата е процес што го обележува 21 век, но нејзините корени се наоѓаат уште во 18 век. Во услови на слободна пазарна конкуренција, новите капиталисти добиле можност за доминација на светскиот пазар. Во средината од 20 век, преку глобализацијата се правеле обиди за надминување на кризата што ги зафатила најразвиените капиталистички земји. Меѓународните институции како Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд предлагаат спроведување унифицирани економски реформи за структурно преструктурирање на националните економии во смисла на укинување на царинските бариери, рестриктивна монетарна политика, намалување на профитот и јавните трошоци, стабилен курс на националната економија, либерализација на законодавната регулатива и слично. Еве го текстот. Знам дека беше директно напишано... ама ми звучеше доста двосмислено, затоа го заокружив тоа другото Затоа што, сите овие реформи би довеле до структурно преструктурирање на националните економии, а мислев дека самите реформи како реформи, за нив не претставуваат тоа Ќе се мрднам... Некој да не знае како точно беше поставено прашањето?
Имаше некои многу двосмислени прашања... Пример оваа за Парите се отепувачка последното.. Зошто го убил таткото синот - поради алчност или завист, се мислев цело време, бидејќи тој од мака го убива затоа што нема пари, и може да се каже дека и му завидува до некој степен, ама на крајот пак заокружив алчност... Па ќе видеме, во глобала добро беше, само уште тестаторот да ми де погодеше  - злоба
Јас алчност заокружив. Се мислев меѓу алчност и завист и јас. Ама со оглед на тоа што тие веќе не беа сиромашни, имаа пари, нели, им праќаше синот... затоа заокружив алчност. Јака ми е логиката
Во прашањата со дополнување стварно смее само еден збор ? Имаше прашања кај што наведов повеќе особини, пример во прашањето за Мерсо со кои особини се карактеризира..вие како одговоривте?
Девојки.. а за прашањето од граматика со Неделава.. на кој слог, втор или трет одназад? Јас на втор напишав. При изговор и двете ми одговарет а чим го дале ко прашање веројатно е ради то шо се издвојуват.. И кај текстот за филмојте, првото прашање. Од Спилберг филм е само Ајкула, а не и другите 2.. ама прашањето беше „Кои филмовИ..“. Јас и тие 2 ги напишав.. Вие?
И јас втор од крајот на зборот заокружив. Нели, отстапка беше, ако е прилог за време. Мислам беше во реченицата што ни беше дадена.
И јас заокружив на вториот слог.. А кај тоа прашањето за која особина на Мерсо се истакнува напишав неговата интелигенција, а потоа додадов и рамнодушноста