најверојатно е до системот, преоптоварен е, јас си ги видов оцените, а сега пак не можам да отворам @mari_sa на страната од матура на почетна пишува резулати, тука се отвораат како во табели да речам, а не треба да се најавуваш на тоа со град,училиште..
http://matura.gov.mk/news_large.aspx?language=MK&news=WGvlnXQksTE= одете на овој линк и на тоа со црвени големи букви кликнете.Тука се резултатите
Вие воопштоо го читате конкурсот до крај ??? Прочитајте сеее најпрво и не верувајте никому !! (еве од конкурсот на УКИМ 2014/2015)
Дечки да не знае некој како е критериумот македонски отприлика? Јас имам 74,8% - 4, а некои со 78% имаат 5ка
Јас никако не можам да отворам иако ми ги видоа оценките веќе, презадоволна сум иако може и подобро. Како ли да отворам, овие линковите погоре ништо не ми отвори
Го отвара линкот на @MoonChild, само треба да бидеш трпелива, не бара податоци, само треба градот и училиштето да ги одбереш и излегуваат за сите ученици.
Лелеее за 0,2% Цццц.. Ќе поднесам приговор, има ли некој искуство со тоа или да знае што, како? Според што го прифаќаат?