@srcence1607 Како и повеќето и јас се регистрирав од радозналост, а на страната на економски факултет прочитв дека од 20.07. ќе биде достапен iknow системот за пријавување. Еве го линкот каде што прочитав: http://www.eccf.ukim.edu.mk/Articles/Events/377
Првиот чекор во пополнувањето на iKnow апликацијата и добивањето на ID број е отворен од 06.07.2015 Останатите чекори во кои кандидатите ги внесуваат податоците за своето претходно образование, како и можноста за избор на студиски програми на нашиот факултет, ќе бидат овозможени за пополнување од 20.07.2015 година. Еве, ова е од линкот на @WhiteAngell, се убаво си е напишано, значи не е грешка што сме се регистрирале ние порано, само податоците после 20ти ќе може да ги пополниме
Јас колку што знам, македонски бидејќи е задолжителен би требало да е соодветен за сите. А англиски, зависи од тоа на кој факултет, бидејќи на некои е соодветен англиски а на други математика.
Уписите на било кој факултет од УКИМ во ПРВ уписен рок се на 13 и 14ти Август (не знам за другите универзитети не сум информирана ама претпоставувам дека се на исти датум). Сега можеш само да се регистрираш ако сакаш на iKnow системот, додека пополнувањето на електронската пријава од истиов систем ќе биде овозможена после 20ти Јули. Еве директно од Конкурсот на УКИМ (сликата што сум ја потпишала како конечни документи за упис се потребните документи кои што треба да ги поднесат примените кандидати од конечните ранг листи на 20ти Август )
Дечки, ќе бидете ли љубезни да ми одговорите на прашањево: Бидејќи и брат ми има проблем со англиски (беше убеден дека ќе помине, ама е паднат заедно со уште 1/3 сигурно од училиштето), а немаме намера да кинеме нерви со приговори, кога се полага во августовскиов рок и дали треба некакво пријавување? Дали може да ми објасните нешто повеќе, затоа што каша-попара е се'? Благодарам.
Да, треба пријавување, и мислам дека е од понеделник, не сум сигурна баш. А за датите не знам, би требало во училиштето да знаат, прашајте
Кај нас ни кажаа рокот дека беше вчера и денеска, исто имаше многу паднати по англиски. За пријавување треба уплатница да потполни, за таксена марка и од училиште пријава дека го преполага тој предмет. А колку што разбрав за полагање на предметов бил 17-20 август но не се знае мислам за точно.
Да ве прашам, при упис има врска дали државјанството и изводот се постари од 6 месеци или не? Дека имам слушнато такви муабети...
Истото и мене ми го кажаа, дека требало да се нови државјанството и изводот :/ Некој да не знае околу ова нешто?
Мене ми кажаа дека изводот и државјанството не треба да се постари од шест месеци. Така да иди си со време затоа што за неколку дена ќе биде џунгла, а и изводот не ти го даваат веднаш.
Valentcia А кога се запишуваше ти на факултет? Леле не знам што да правам... моите се од октомври, ноември минатата година. Siki сигурна ти е информацијата?
Да да, моите другарки веќе извадија нови и изводи и државјанства затоа кажав. Инаку и јас ќе вадам нови за секој случај, не би ризикувала, сепак нема да има штета ако се нови
луѓе вадете нов извод и државјанство со сигурност ви кажувам. брат ми кога се запишуваше ми кажуваше дека проблеми правеле и не ги примале на упис децата кои немаат нов извод или државјанство
Мене професорка ми кажа да си извадам нов извод и државјанство. Искрено не ми се ризикува, затоа се жртвував и си чекав на шалтери по саат време ама ќе си имам мирна душа.