Девојки, јас денес прашав во охридскиот универзитет за државјанството и изводот и ми рекоја дека не требит да се постари од 6 месеци. Сигурно истото и за другите важит. Иначе за двата документи се плаќат по 150 денари. Во поштата од 300 ден., ми зедоја 140 ден. провизија, катастрофа невидена. И плус 150 ако ојте во сервис (не знам како да го наречам..) за пријава и уплатници. Да си знајте. @Anna-Banana http://www.fakulteti.mk/upisi/2014-2015/rezultati.aspx Но сепак најмногу зависит од конкуренцијата, колку поени имет другите. А гледам растит заинтересираноста за психологија..
Лани братучетка ми со 90 влезе во приватна квота. Имаше голема конкуренција лани, за оваа година не се знае.
Страната горе во пребарувачот гласи upisi.ukim.mk така да за Уким е оваа страна. За другите универзитети, јавете си се и прашајте си за сигурно, да не биде после друго. @tamche995 Пријавата може да се преправа или да се поништи само ако НЕ си ја испратила на комисијата. Во спротивно не може. @mari_sa Ако мислиш дека е можно за други работи да ти притребаат изводот и државјанството, напрај си копии и завери си ги на нотар за себе. Во документацијата за упис, мораш оригиналите да ги поднесеш и доколку си примена, во наредните години ти ги задржуваат таму се до дипломирањето. Нее задолжителна копијата освен ако немаш потреба. @BigMisterP претпоставувам прашуваш за оценките од екстерните тестирања така да тие мора да се внесат според редоследот во сведителствата. Инаку во дипломата ја пишува само темата за проектната, така да јас само таа ќе ја внесам, според дипломата си одам. @sara97j Документите се носат на факултетите на 13 и 14 Август. @Anna-Banana Искрено јас не би ризикувала бидејќи квотата е мала, а интересот преголем. Ланската генерација беше ептен слаба, ама на Психологија еве како што кажаа со 90 поени во приватна ги примиле поради малата квота. Оваа генерација е подобра од прошлата така што јас очекувам покачување за поен или два на границите во однос на поените.
Nie sto ne polozivme drzavna matura I sto si zedovme zavrsna...Treba na vtor upisen rok da se prijavime? I dali ima sansa vo drzavna kvota da ne primat? Site godini sum odlicna, a na drzavna samo angliski ne poloziv
Во врска со ова дека не може да се прати пријавата ако си згрешил нешто, јас згрешив неколку пати ги исправив грешките и ја пратив. И на секое испраќање пишуваше дека е испратена до комисијата. Мислам дека не би требало да прават проблеми и неколку пати ако си стиснал прати.
@Ammy.Lee Имаш овде објаснето .http://www.fakulteti.mk/upisi/2015-2016/konkursi.aspx Во врска со извод и државјанство,да не плаќате голема провизија,можете преку картичките,ако имате ваши или од родителите,ќе ви земе многу помалку.Мајка ми кога плаќаше за извод и зеде мислам денар до два за провизија.Поисплатливо е.
Ако сте земале дипломи за завршна матура и не полагаш ништо во Август си се пријавуваш исто на прв уписен рок. На втор уписен се пријавуваат оние кои не биле примени на привиот или пак полагале матура во Август. А за во државна квота, зависи од школото што си го завршила, колку поени и на кој факс планираш. Гимназијалците со завршна мислам дека одат последни според приоритетот. Така прочитав во Конкурсот за упис годинава
Не знам колку е точно, но така слушнав дека приоритет за упис имаат оние што положиле државна матура? Па потоа останатите ... Исправете ме ако грешам
Луѓе тие што сте од Скопје, кажете ми на е-пријавата кај личните податоци одма под ЕМБГ, што внесовте за Општина на раѓање и Место на раѓање? Мене ме буни тоа што дава Скопје, Скопе-Маџари, Скопје-Чаир, Скопје-Карпош и Скопје-Ѓорче кај полето за Општина на раѓање??
@tamche995 јас ја пополнив првата страна што е за лични податоци и кога ќе стиснам продолжи ми искача - Следните чекори од пријавата ќе бидат овозможени после завршувањето на матурите. Читав и кај други зезало, не знам што е работава