Имам проблем при пополнување на електонската пријава за прв циклус, односно можам да пополнам само лични податоци, додека кога одам на 'продолжи' за да ги пополнам останатите чекори од пријавата добивам информација дека следните чекори ќе бидат достапни по завршувањето на матурите иако тие се веќе завршени. Дали некој од вас го има истиов проблем?
@Marvel. и кај мене исто така не сака. Аман сите се пријавија, кај мене неможе, не знам што е работава
јас го пријавив проблемот во центарот за поддршка, ама уште не ми одговориле, :/ кога ќе ми вратат ќе пишам..Инаку да не е поврзано со самиот факултет, ти на кој се пријавуваш?
Дечки штом пишува дека е испратено до комисијата,сигурно нема никаков проблем.Тоа што го пишала @girl96 е сигурно веќе за другите студенти, или пак не направиле измена на страната овие од УКИМ.
Луѓе, сакав да си го пресметам просекот за упис на факултет, ама кај матурата ми ги бара перцентилите од предметите што не ги ни памтам, а пробав да отворам пак кај резултатите од матура.. И не ми ја отвара страната. Што да правам сега?
А дали мора да биде дипломата оригинал? И дали може некако да ја однесам подоцна или да однесам копија? И каде можам да видам кофа е вториот уписен рок?
^ Го пишува во конкурсот..На 2 и 3 Септември е мислам. Што се однесува до дипломата мора оригинал да биде.
Вториот уписен рок (пријавување на кандидатите) е на 3ти септември. Објавување резултати од успехот од средно образование (прелиминарна ранг-листа) е на 4ти септември. Објавување решение за прием на кандидатите (конечна ранг-листа)-9ти септември. Запишување на кандидатите-10 и 11ти септември.
Може ли некоја да ги пиши како се по редослед заведени во сведителствата предметите? Пошто не ми текнува а веќе почнав да внесувам во iknow системов.