Абе не пишува ама правеле проблеми. Од секогаш. Дури татко ми кога се запишувал на времето било така Така да поарно извади си @kim.k
Некој што се пријавил на економски? Да ве прашам дали ќе ваѓате нов извод,пошто јас имам извод и пишува дека е траен..Па не знам дали да ваѓам нов,не ми се ризикува? И успат,како ја зачувавте пријавата од Iknow системот? Јас никако не можам да се снајдам,или со copy-paste да ја зачува?
@Anna-Banana па јас ќе вадам и извод и државјанство, и мене не ми се ризикува за некоја глупост да не ме примат, а иначе влагам сигурно Како мислиш да се зачува? Додека ја пополнуваш па кога ќе се одјавиш не ти се зачувува или мислиш за да ја ископираш?
Девојки, дали знае некоја до кога траат електронските уписи? Бидејќи ние се уште ги немаме земено дипломите ниту сведителствата
Девојки тие уплатниците кога се пополнуваат и каде да ги најдеме ? Инаку мене за пмф не ми отвора на i know системот.... Признаена е дипломата од пмф надвор од Македонија така? И уште нешто , има шанси да бидам одбиена со околу 90 поени во државна квота на пмф биохемија ?
да имам 88, од страната најгоре ставив прво правни студии, па после политички студии на англиски јазик и после само политички. Да ми беше интерниот соодветен ќе имав 90, ама тоа е. Ти?
И јас најгоре ставив правни студии, а после тоа политички но не на англиски. 83.46 бода имам јас, со соодветни предмети.
Некоја се има пријавено за правен? Се пријавив за тригодишни студии, ама ме буни документот за дисперзирани студии кој ми излегува за печатење и покрај тоа што не сум пријавена за дисперзирани. Дали некоја го има истиов проблем?
Не разбирам,каде треба да се пријавам на iknow системот? Треба да барам на страната на факултетот кај што ќе се запишувам или?
^ https://www.upisi.ukim.mk/Account/Login.aspx?ReturnUrl=/ Прво се регистрираш,па се најавуваш. Инаку ова ти е за УКИМ.
Јас се пријавив за на правен. И мене ми излезе тој документ, ама не ни е потребен нас. Само другите што треба ќе ги доставиме. И тоа е
Феминкии, пресметував поени на тој калкулатор на интернет и ми излегува дека имам околу 92,7 поени, имам шанса за медицински факултет?
Во електронската пријава на iknow кај лични податоци во полето занимање на родител/студент што треба да се потполни на еден од родителите занимање или за нас дека сме ученици/студенти???
имаш за во приватна квота,државна не сигурно затоа што лани последниот во државна квота имаше околу 93.