Ако падни некој на матура можи да се запиши на фах во приватна квота? И ај ако знај некој плс кажете шо мислите за правнио фах во битола
Јас стариот на iKnow системот пишуваше дека не е битно колку е стар изводот за мојот факултет. Би требало за сите да пишува.
Ве молам доколку некој знае да ми одговори, полињата што се оставени празни на Интерниот пријавен лист дали треба сами да ги пополниме? Исто и на пријавниот лист
Девојки јас се пријавив на iknow, пополнив и ја пратив. Ги симнав и сите 5 што требаше и сега пробувам да се најавам пишувам пасс у мејл и не можам да се логирам ми пишува невалидеб мејл или лозинка а немам грешка при пишување проверив сто пати. Не ми е јасно зашто не сака и дали има некаква врска со апликацијата?
Луѓе, дали англиски и филозофија како втор и трет екстерен, и историја како интерен се соодветни за Филозофски факултет? И читнав нешто на претходниве страни, ама пак не ми е јасно што е со тие што треба да се испринтаат, што ги дава на крај на електронското пријавување? Да ги испринтам и на 13ти да ги дадам заедно со документите за запишување или?
SURPRISEEEEEEEEEEEEEEEEEE Ајде на здравје, го сменија системот. Луѓе отворете акаунти и проверете си, на другарка што веќе ја испрати пријавата Системот и вика сега дека не постои и невалидна и не може да отвори профил, а нов профил не и дава да отвара пошто ги препознава податоците. Кај мене и неколку другарки, отвара најнормално со податоците, само јас за секој случај уште два пати ја проверив пријавата, штиклирав за приватна квота (го дава нештиклирано) и ја препратив уште еднаш.
Девојки, јас во делот на дополнителни студии ако во тој смер што сум го одбрала нема место, не ги ставив сите на листата. Се пријавив за на правен факултет, и после правни студии ги префрлив и политички и односи со јавност, а не сите. Има некоја врска ако не се сите? Затоа што другите не ме ни интересираат воопшто.
Значи може да ставиме само од еден факултет повеќе смерови? А не повеќе различни факултети? Мене ми дава да ставам само еден смер. Некоја да ми објасни како оди тоа? Заглавив од преѓе -.-
Зошто не ми дава да ставам ниту една студиска програма ? аман веќе кога ќе се среди ова како што треба
Koj вели дека треба сите ? Колку што знам јас може и со една програма ако е сигурна дека ќе влезе таму.
Горе убаво си пишува - ''Префрлете ги од листата лево во листата десно посакуваните студиски програми, по опаѓачки редослед на вашите приоритети. Најгоре ставете ја студиска програма на која најмногу претендирате да се запишете.'' Ништо нема да ви смени ако ги ставите сите, па сега како сакате.
Таму пишува посакуваните, а не сите, така што секој ги бира оние што ги сака, никој не го обврзува сите да ги стави.