кога кликам на Рангирање т.е на Ранг листи (додипломски) празно е. Кога ќе има каква било информација за ранг листиве, знае некој?
Ај ќе се обидам да прашам уште еднаш. Дали некоја сака да ми објасни како да одберам повеќе факултети за да ги подредам? Ми дава само еден. Ако додадам уште еден првиот го снемува.
Не можеш да одбереш повеќе факултети, факултетот е еден, а рангирањето се прави со смеровите на факултетот, почнувајќи од смерот на кој сакаш да се запишеш и другите по опаѓачки редослед.
Па рано е. Уште се сме поднесле документи, а не пак да ни кажат кој е влезен кој не е. На 18 се преелиминарните резултати. А на 24/15 се конечните резултати.
Девојки, ви се појавува ли пораката „Следните чекори од пријавата ќе бидат овозможени после завршувањето на матурите.“ на iKnow системот? Се обидувам да ја пополнам електронската пријава, и после првиот чекор ми се појавува пораката.
Дали стварно тие што се пријавиле покасно или планираат да се пријават на IKnow ситемот деновиве ќе неможат да одберат факултет и смер што сакаат бидејќи скоро се било зафатено и немало место? Кажете ми дека не е вистина ова!
Каде да се обратам или да пишам во врска со тоа што не ми дава да се најавам? Или на крај краева да се регистрирам пак.
Значи сите различно кажуваат за изводот. Јас си легнав на брашното, демек не треба нов извод, па не извадов. И сега некој ми кажува, требало нов извод Па зошто не е нагласено во конкурсот? Ако некој знае, кажувајте ве молам... Од претходни генерации, правеле проблеми ако изводот е постар од 6 месеци?
Абе не знам и јас со изводиве...сите различно кажуваат. Имам траен извод,со неограничен рок на треаење? Ќе ми прават проблем со овој,или нов да вадам? Глупости.
во врска со изводите и државјанството, еве јас не вадам нови затоа што извадија на страната на fakluteti.mk дека нема врска колку се стари само да се оргинали и со печат