7. потврда за уплатa: -300 денари на жиро сметката на факултетот, за студиски програми за кои не се врши проверка на знаењата и умеењата, односно -500 денари на жиро-сметката на факултетот, за студиски програми за кои се врши проверка на знаењата и умеењата по еден предмет -1000 денари на жиро-сметката на факултетот, за студиски програми за кои се врши проверка на знаењата и умеењата по повеќе предмети ове како треба да ги уплатам сите заедно или посебно и дали можам денес утре да ги платам ?
Абе една од овие само треба да уплатиш, а не сите. Зависно дали на факултетот на кој се пријавуваш дали се полага приемен или не,таа уплатница ја плаќаш само. Ако НЕМА приемен- уплаќаш само 300 денари Ако ИМА приемен и тоа по Еден предмет само, плаќаш 500 денари како надомест. Ако приемниот е по повеќе предмети-уплаќаш 1 000 денари. @La Gatita :) Мислам дека веќе не може да се купуваат таксени марки од книжари. Наместо тоа се уплаќаат 50 денари на уплатница. Оние кои се запишуваат на ФИНКИ можат и преку андроид апликација да си симнат од PlayStore -Таксена марка се вика и преку неа директно да си уплатат-да не се влечат по банки и пошти. @Anna-Banana мислам дека од кај 8. За сигурно ќе прашам утре и ќе ви пишам. @daks Универзитетска пријава за Упис од факултетска книжара-50 денари чини, потврда од уплатница за надомест за упис и евентуално таксени марки ако ни бараат, но тоа може да се заврши на уплатници по 50 денари и директно у банка да се уплатат. Ќе прашам и за ова утре и ќе ви кажам. @LogicMind веќе ти е касно за вадење нов извод Пошто го издаваат за 5 работни дена, ама рачунај 6-7 дека ќе фати со гужвите. Ако имаш печат позади дека е со неограничена важност, океј ти е изводот. На некои факсови им навеле дека не е важно дали е стар или нов, на некои им праеле проблем дека мора да е нов. Повеќето извадивме нови за секој случај. @maka45 Резултатите од матура одамна ги тргнаа од сајтот. Иначе ти ги пишува во Дипломата.
Дали има некој што ќе се запишува архитектура? Јас бев на подготвителна, ама не знам дали е доволно за приемниот. Како поминавте тие што отидовте на демото?
Пресликан мислиш на копија или скен? не разбрав затоа прашав. Иначе сите документи МОРА да се оригинали и извод, државјанство се се се.
Денес бев на Економски и ми кажаа дека нема врска ако изводот е постар од 6 месеци, треба да биде само оригинал + од таму треба да си земете 2 пп50 , едното е да уплатите 300 ден. , а другото 50 ден.
А мене ме интересира овие од електорносково пријавување,треба да ги носиме со нас и тие изјавите шо се треба да се пополнети така?
Вака девојки, сакам да се запишам на економски факултет но не знам кој профил, 1,Е-бизнис 2,Менаџмент и бизнис 3,Сметководство финансии и ревизија 4,Меѓународна економија и бизнис 5,Маркетинг менаџмент 6,Бизнис информатика 7,Банкарство и финансиски менаџмент 8,Иновациски и проектен менаџмент односно кој од наведените е најперспективен, што би работела ако го завршам (ова за сите профили) кои предмети се изучуваат и сл
Дечки ми треба ваша помош сакам да одам на Филолошки ама се мислам меѓу Француски јазик и кнежевност и Превод и толкување! Сакам да работам како преведувач но исто така би сакала да бидам и професор
Се комплет, значи вака ќе ги пишам за на сите да им биде појасно и да не се препрашуваат новите 1. Документите од iKnow - Интерен пријавен лист - Универзитетски пријавен лист - Изјава за неподигање на документи - Изјава за припадност на малцинство (Ако некој се запишува на база на националност нека си ја испринта, другите не треба) - Генрирана уплатница за надомест на упис 2. Писмени документи-купени од факултетска книжара - Универзитетски пријавен лист за Упис-50 денари - Уплатница пп50- на која уплаќате 300,500 или 1 000 денари во зависнот дали полагате приемен и потврда (копија нарајте си за секој случај). Ја пополнувате според испечатената уплатница од iKnow - Уплатница пп50- на која уплаќате 50 денари за Административна такса (пошто не се купуваат веќе такцени марки, вака функ. сега) 3. Лични документи - Оригинални сведителства од сите 3 или 4 години на средно - Оригинална Диплома за завршено средно - Оригинален Извод од матична книга на родените - Оригинално Уверение или Решение за Државјанство 4. Други документи - Дипломи од освоено 1,2 или 3 место на Државен или Меѓународен натпревар ако некој сака да си достави дополнително. Претходно мора да ги има прикачено во е-пријавата кај полето Дополнителни документи. Само така доставени не верувам дека ќе се важат. Eдит: И едно големо т.е А4 формат плико за да ги сместите сите тие документи, како за во средо бе што праевме. Сигурно на рака така нема да им ги дадеме. @daks Ја сум дежурно инфо биро, ќе си отворам сопствено биро за Студентски прашања на форумов хахах иначе, ништо не е, уживај, што треба прашајте.
Зошто мене после пополнување на пријавата за пешатење ми излегува само универзитетски лист и примерок за уплатница а не овие изјавиве?
Не знам, на сите од Филолошки така им се појавуваше. Јавете се на Филолошки и прашајте си, нека ви кажат најточно. На другите вака им се појавува како што пишав