сабајле се јавив во уким да прашам дали има врска колку е стар изводот и државјанството. ми кажа дека нема само да е оргинал
Па ете на претходната страница пишува дека треба да се уплатат и 50ден. за административна такса ,и имам едно прашање тие исто на жиро сметката на факултетот треба са се уплатат и мора ли на денот на уписи или може и порано???
Не е провизија ,јас колку што прочитав во конкурсот немаше спомнато за таква уплатница , само онаа од 300ден.
1.Пријава за запишување со 50 денари уплатница за таксена марка. Треба да ја купам од книжара или на факултетот се пополнува?
Тие 50 денари се административна такса..порано се купуваше таксена марка од 50 денари и се лепеше на Пријавниот лист или Пријавата за запишување..епа сега таа таксена марка ја укинаа и воведоа плаќање административна такса...тоа се плаќа исто во пошта/банка само плус и на неа ќе ви земат провизија па во зависност од каде уплаќате ќе платите 50 ден + провизија (едно време беше 15 денари ама мислам ја покачија)...за таа уплатница пример можете на интернет секаде да најдете, напишете на гугл административна такса уплатница и ќе ви даде слики, со тоа што во сметката има еден дел оставен празен,тоа бројче зависи од општината од каде што живеете..на сите пошти имате залепено списоци која општина кое бројче т.е. кој код го носи, а можете и на интернет да го најдите И за да не чекате со саати на денот на уписот најубаво да си ги уплатите двете уплатници претходно во пошта или во банка, не е воопшто важно дали е денот на уписот или друг ден,а на уписите има премногу гужва по поштите
Но во конкурсот никаде во делот за потребни документи не пишува такво нешто, зборувам за УКИМ, доколку некој има информација нека каже да платиме пред уписите ...
Значи пред 13ти уплатете си 300 денари и а.т 50 денари,нема да ви прават никаков проблем.Примерок за уплатниците ги имате на веб-страна на оној факултет на кој сакате да се запишете,а за а.т треба да ја знаете шифрата за општината во која живеете. И уписите се различни.Ова погоре е за економски.Филозофски (сигурно и филолошки,бидејќи се во иста зграда ) уписите се од 08.00-16.00.Градежен мислам од 10.00-14.00. Значи проверете си на страните од факултетот. Еве линк,за а.т Spoiler http://www.flf.ukim.edu.mk/таксена/tabid/845/Default.aspx Каде пишува ХХХ-на тоа место ја пишувата шифрата од општината.