Во електронската пријава, таму кај што треба да ги рангираме смеровите според приоритетот, МОРА да ставам повеќе од еден? Зошто мене ме интересира само психологија, ниту еден друг. И ако веќе мора, и ставам ,можно е ако не ме примат на психологија они сами да ме префрлат на другиот смер? Инаку, тие документите накрај што треба да се испринтаат, на денот на уписот така да ги носиме и нив, на лист хартија?
Не мораш да ставиш повеќе смерови чим ниту еден друг не те интересира. Можеш само еден. Ако ставиш два смера или повеќе а на првиот не те примат, ти бараат место на второранфинараниот смер што си го пишала- ако има таму ќе те стават, ако нема а си пишала уште смерови- ке одиш на тој. Ти си избираш дали сакаш или неќеш. Во случајов си сободна на избор само психологија да си ставиш. И второто прашање ти е да, испринтани треба и тие да ги однесеш.
Вака, прашањето не знам дали е соодветно за оваа тема ама не знаев каде да прашам.. Избрзав и потполнив пријава за на Правниот факултет во Скопје, меѓутоа во меѓувреме се премислив, сакам да се запишам во Штип. Е сега на УГД нема електронска пријава колку што знам, па не знам дали ќе ми смета оваа од УКИМ.. Другарките ми кажаа дека пријавата може да се поништи, но не најдов нешто такво. Сега се чудам што да правам
Дечки уплатниците и административните такси мора самите да ги уплатиме или може и некој друг да уплати за нас?
Уплатицава што викате за административна такса е потребна за на секој факултет? Јас лично за на мојот не сретнав нигде вакво нешто.. Само образецот а1 што се купува од книжара и се уплаќа таксена марка 50 денари.
Значи девојки, ова http://www.flf.ukim.edu.mk/таксена/tabid/845/Default.aspx е за на филолошки. Оваа сметка е за таму. А ова ви е истото што е и уплаќањето на таксена марка преку мобилен телефон. Не знам зошто објавувате се на форумов, само ги дозбунувате другите.
Порано се купуваше таксена марка од 50д. и се лепеше на пријавата за запишување.Сега таа таксена марка е укината и е воведено плаќање на административна такса која исто е 50д.
Па да, не се купува таксена марка, ама може да се уплати преку смс порака. Значи тоа е уште од 2011 година. Преку смс порака нема да ви земи ни провизија ни ништо. https://www.finki.ukim.mk/Content/c...i/magisterski/upatstvo za taksa preku sms.pdf Значи познавам студенти што уплаќаат вака. Бидејќи таа административна такса ја уплаќате за пријавата за образецот а1 што го купувате од книжарата на факултет. А ова е исто. Во делот каде што има место да се залепи таксена марка, пишува и место за да се внеси кодот од смс пораката. Ама како сакате уплаќајте си. Изборот е ваш. Муабетот ми е да не објавувате се и сешто.
Па таа потврда е уплатницата за упис. Кога ќе се пријавите електронски на факултет, пред да ја пуштате пријавата имате пример уплатница како треба да изгледа. И да ја потполните и вашата исто и да уплатите. Едната уплатница останува во банка или пошта, а другата за на факултет. Со тоа потврдувате дека имате платено за уписот.
Дечки денес уплатив за административна такса па сакав да ве прашам дали треба да се купи и таксена марка заедно со неа?