Дечки некој знае да ми каже дали со Превод и толкување и со некој испит плус може да се биде и професор?
точно е дека може преку смс и е поефтино бидејќи нема провизија но не сите факултети прифаќаат уплаќање преку смс...на фармација на пример знам дека може,а на правен до лани не можеше, не враќаа назад да си уплатиме на уплатница....па така или прашајте некој студент од факултетот каде што ќе се пријавувате за сигурно или не ризикувајте зошто ако ве вратат и ќе направите дупло трошок
Здраво.Може ли некој да ми каже кои документи треба да ги заверам на нотар,освен дипломата и свидетелствата и колку документи има вкупно од iknow системот и колку уплатници? Фала однапред.
Доколку сметаш дека ќе ти биде потребен некој документ од оригиналните во иднина завери си го.(не е задолжително) Знам дека има само 2 уплатници а за документи не знам колку се точно.
а за слики од нас сега на пријавувањето не треба така? мислам дека кога се запишуваме треба..ај ако сум грешка поправтете ме бидејќи не сум сигурна и колку слики треба, која големина?
Кога ќе се запишуваме треба да се носат три слики(две слики со димензии 3,5×4,5 и една со димензии 2×3)
Извенете ако го повторувам прашањево, не ги проверив сите, може некој да ми каже дали изводот што треба да се поддаде кога се запишуваме на факултет не треба да биде изваден пред 6 месеци? Слушнав дека требало нов извод да вадам, точно е?
one_girl Мене за изводот ми рекоја дека немало врска колку е стар..Само ново државјанство да извадам.Значи секој факултет различно бара,Најдобро е да си се јавиш и да прашаш
Девојки, вие што конкурирате на филолошки, ги пуштивте електронските пријави? Мојата е готова веќе неколку дена, ама ми е чудно ова со изјавата за неподигање документи што се подига од студентската служба на факултетот.. Мислев да испечатам од дома, да ми ја пушти другарка ми нејзината пријава, ама веќе и' е пополната автоматски од факултетот. Не знам што да правам..
Девојки ајде помош! Зошто вака ми испаѓа 75,520 кај перцентиливе пишувам 75.52 автоматски се мења потоа