Имам информација дека моја другарка со 76 поени не ја примиле на психологија, а јас имам 73 така да мене сигурно па ич.. Работата е што сум решена исклучиво психологија да студирам, и не знам сега што да правам, дали ќе може да одам на било кој друг смер на филозофски, и по еден семестар да се префрлам на психологија? Или да пробам пак на втор уписен?
абе зависи и од успехот од другите студенти што ќе се пријават пробај си ја среќата може ќе те примаат ако не тогаш ке разгледаш друг смер или наведи и друг смер ако може
Decki dali vi otvora na iknow sistemo accaunto mene mi vika ne postoj email adresata vo sistemo kako mozi
Луѓе на конкурсот од УКИМ различно пишува за фотографиите,феминката погре има друго напишано... Дај кажете сега што е точно и стварно што треба друго при усписов?
Ова е точно При запишувањето, примените кандидати поднесуваат:1.индекс, студентска легитимација и пријавни листови 2.три фотографии (две фотографии со димензии 3,5 х 4,5 и една со димензии 2х 3) 3.потврда за уплатени 750 денари за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со назнака ИКСА на УКИМ, _______(да се наведе факултетот-носител на студиската програма), на жиро сметката 100000000063095 депонент: НБРМ, со сметка на буџетски корисник 1600103689 788 18 приходна шифра 723012, програма 41
А што е ова ИКСА? Видете си на секој факулет е различно.. На ТМФ има и осигурување, лабараторија, ИКСА и уште нешто и 3 слики. А за сликиве треба во боја да бидат или може и црно-бели?
Абе секој факултет си функционира различно, отворете си го Конкурсот на страната ва Вашиот факултет и прочитајте си најубаво е пишано/ Не го читајте оној јавниот од УКИМ зашто секој факутет си има свои деталчиња што ги бараат а ги нема на некој друг факс можеби. Иначе сликите може и црно-бели мислам. ИКСА значи Инфомативни, културни и спортски активности @peperutche21 ; @muckiss Мене ми го отвара акаунтот и си функционира најнормално, едино пријавата не можам да ја отворам, инече другото се ми отвара и ранг листи (празни, дека нема резултати )
Дали има некој што е запознат како оди пријавата за студентските домови, посебно за дипломата дали можи обична копија или мора да е заверена на нотар?
Мене ми рекоа дека наводно барале да е заверена на нотар,па ја однесов да ја заверат,најдобро ти е да си ја завериш,да не има после трчанки ваму-таму,може и проблеми да ти прават.
Со среќа девојки! Прашање: овие пријавни листови при запишување, се купуваат или станува збор за пријавите од iKnow?