Бев денес до уким да прашам дали мора лично да се оди на запишувањето, ми рекоа не мора. За индексот и другите документи до лани ги давале на факултет, така ми кажа таа од книжарата на економски ама не се знае дали и оваа година ќе биде така.
За упис на примените кандидати само овие документи ли требаат? Да не испадне како претходно со уплатници за таксени марки и сл.
Едвај чекам за финки да излезат. Иначе ако пишува Да кај кофинансирање тоа значи дека си примен у државна квота или па приватна?
Ама ми нема логика некоја, кај другарка на ПМФ на исти смер кај што МБ им е прв избор кај некој до 68 пишува не кај друг со 88 Да а кај некои со 93 Не и кај со 99 Да.. Нема логика некако...
Очигледно е грешка, приватна квота е со кофинансирање односно е 400 евра, а државна е без односно 200 евра.
Да - не кај кофинансирање значи дали се согласиле или не ако не бидат примени во државна квота да се примат во приватна а не значи дека се примени во државна или приватна..ова се прелиминарни резултати, на конечните, листата ќе е подредена и на неа ќе има граница до кој студент е државна квота а каде почнува приватна