Oд каде оваа информација? На денот на уписи од плаќање само се носи уплатницата со 750 денари, не се плаќа никаков семестар.
Како што разбрав на факултетите во чии ранг листи има колумна кофинансирање доколку пишува ДА значи дека си се согласил да бидеш рангиран во приватна, доколку не бидеш во државна(уште во online пријавата? Сигурно ли е така?
Па не знам и јас се збунив,значи конкретно на економски додека чекав ред некој праша демек кога се уплаќа семестар сега демек на 24 и 25 или понатака и таму кажаа (ако добро сум слушнала) дека сега ќе земаме индекси и студетски легитимации на 24. Ако е некој поинформиран дај нека каже,ве молам. Фала.
Малку ми нема смисла тоа бидејќи индексите и легитимациите ги купуваме а никој не ни ги дава. Јас утре ќе поминам да купам работи пошто лично нема да можам да се запишам на 24ти и ќе прашам.
Ај прашај кога треба да уплатиме семестар и пиши тука или во ЛП. Инаку и мене ми нема логика затоа што никаде не е наведено за сега,ептен одеденаш испадна нештово... Инаку да иднексите сами си ги купуваме.
И мене вака ми рекоја, инаку сум на медицина. Оваа информација е од лани и важела за сите факултети мислам, ама оваа година ништо не пишува на конкурсот така да не знам. Може да прашаме во студентски прашања, тие ќе ни кажат најточно.
Секоја година е исто,значи партиципација + уште еден куп разни трошоци се плаќаат на денот на уписот во случајов 24ти и 25ти...во конкурсот не е назначено заради тоа што секој факултет наплаќа различни трошоци...затоа се назначени само работите кои се заеднички потребни (индекс,легитимација, слики,пријавни листови и ИКСА) за на сите факултети..другите трошоци зависат од факултетот Вие сите многу сеуште брзате,кога ќе излезат конечните резултати секој факултет на својата страна ќе извади посебна листа на потребни документи за запишување заедно со жиро сметките...ако толку Ве интересира отворете на страната од факултетот и побарајте го соопштението од лани (иако можно е трошоците да се изменети) Во врска со индексот и студентската легитимација порано се купуваа од книжарата на факултетот и се плаќаа,потоа воведоа некоја новина неколку години ги даваа бесплатно, за сигурно или почекајте денот на запишување или неколку дена претходно јавете се на матичниот факултет,ќе ви кажат ако знаат... За уплаќањето Ве советувам да си го средите пред време,откако ќе излезат конечните резултати секако, ама да не биде тоа на денот на запишување бидејќи гужвите во поштите и банките на факултетите тие денови се огромни и за џабе ќе чекате со саати...може да уплатите во било која банка и пошта на било кој ден (ако имате другари/другарки или познаници кои моментално студираат може да се информирате да Ви кажат каде ви е најефтино да уплатите-на пример пред неколку години во комерцијална банка за сите трансакции до 100.000 денари мислам наплаќаа 50 ден па така парите за партиципација си ги уплаќавме таму па така си заштедувавме пари зошто во пошта се плаќаше повеќе,а од друга страна уплатниците за административна такса ги уплаќавме во пошта бидејќи тогаш така беше најефтино-15 ден сега мислам е 25 ден) Со среќа на сите,малку трпение,не брзајте, нема потреба се пред време да правите и следете ги интернет страните на матичните факултети за повеќе информации
Здраво девојки! Значи вака, би ве посоветила сите да одите до матичните факултети да ги земете документите што ви требаат, апсолутно ќе ви олеснат. Зборам конкретно за правен ама и сите останати факултети ќе работат на ист принцип. Одете во книжарите и побарајте комплет од вкупните документи потребни за запишување, ќе ги имаат. Коштаа 150 денари, малку rip off ама ајде... Во нив ќе најдете пријава, образец за запишување на семестар (пријавните листови) како и еден лист кој ви кажува што треба да уплатите и колку. Конкретно за правен некои 9,000 денари+ е, во кои имате уплатница за електронски индекс, активности, штета на сметка итн итн кои би советила да ги платите пред 24ти. Индексите и легитимациите ги добиваме бесплатно односно од книжарата ми кажаа да не купуваме никакви индекси во моментов затоа што најверојатно ќе се даваат на ден на упис ама да бидете сигурни, на ден на запишување прашајте си за сигурни да бидете, иначе кошта некои 450 денари само индексот. ЗА МАЛКУ ПОВОЗРАСНИТЕ и тие што веќе се втора/трета година, во делот кај запишување на семестар, каде што стојат задолжителни предмети, професори и сл, претпоставувам тоа не треба да го пополнуваме затоа што сеуште не знаеме? Исто, што е потпрограма/модул, отсек, и овие стручни, академски универзитетски и интегрирани студии меѓу кои треба да бираме???
На Феит ги објавија потребните документи за запишување...Кој иде таму може да си види... http://feit.ukim.edu.mk/upisi/upisi...tie-kandidati-vo-uchiebnata-2015-2016-ghodina
^ а значи не треба да се уплаќаат тогаш тие 200е или 400е ? и како од ПМФ да ги купам ? таму мислам нема книжара ..
Треба и нив да ги уплатиш, да. Пишав мал реферат погоре, види што како треба бидејќи 90% од работите се исти на секој факултет.
Можно е и годинава да даваат индекси и студентски чим од ФЕИТ на објавениов линк нагласиле дека факултетот ќе ги дели. Луѓе, почекајте до утре. Сабајле ќе ги објават конечните резултати и после секој факултет на својата страна ќе објави детална листа како Феит што напраиле во линков горе само они порано си објавиле. Во таа листа, детално ќе објават и нагласат се што треба и бара матичниот факултет. И документи, пријави и жиро сметки. Не прашувајте за други факултети зашто секој факултет различно функционира и различни детали бара. Ако горе на Феит во објавата бараат 1400 ден за се и свашта (дури и за тетратки за испит ), на Медицински пример не бараат такви работи и нема зашто јас да ги уплаќам тие пари или да се водам според таа листа. И да, сега на 24/25 се плаќаат тие 100/200 евра за партиципација