Значи има две опции или ке се признава Дијалог и Антитеза или Монолог и Реторско.. а јас пишав Антитеза и Монолог.. како и да е едно утнав ! И кај горио имам смрт и кај жанр имам се наброено и психолошки и семеен! Бравос за мене
Фала за клучот али од каде ги најде одговорите? Дали 100 посто сигурна дека се тие? Ете и јас се мислев дали е антитеза...
Трагично завршуваат на Горио илузииве. УФФФФФ, фала богу. Грешки имам кај 1.3, дијалогот на Црноризецот Кукавички. Ако бил храбар со цело име ќе се пишел. 1.6 пишав дека е роман, т.е. семеен, социјален и психолошки. А се мислев само роман да оставам. Бре. Трета грешка ми се проклитиките. Добро, тоа разбрав уште веднаш, правописот мој ме служи. Па добра е луѓенца, три грешки. Задоволна сум.
Е, бејби, не сум до толку самоуверена. Пресреќна ќе бидам и со солидна 4ка, 95/6 % точен тест и ехехе, частам. Сега и на есејот ќе скинат некое поенче, нели не бива без тоа. Ќе видиме бе, камоли сите 5ки да извадиме.
Па не би требало да се до толку строги не заебавај! Не би можеле многу да ти скратат толку многу! Ти битно требаше да внимаваш на тие правилата- два прста и слично..
проектната 5 интерните 5ки ама екстерниве ..е и знае ли некој како се пресметуваат поените за упис на факултет знам само дека од 4те години просекот влегува со 60%, а матурава со 40%
Најлесен начин да пресметаш колку бода ти носат оцените од прва до четврта е да ги собереш сите оцени од 4ри години (пр. 5+4+2+5+5+2+4+2+3) и множи ги со 0.25 така ке добиеш колку од моќните 60 бода си ги фанал од оцените.. проекната носи 4 поени за 5ка .. интерните носат по 8 поени.. сега за сега од матура имаш 8+8+4 = 20 поени..
Значи и јас имам 20 поени, на матурата 3-5 прашања згрешени ми се, но тоа мн не ме радува бидејќи мн крателе на есеите.
Тие 8 поени ги имаш ако ти е со сите можни тестот интерно јас така мислам. Ако имаш грешки, 7,нешто итн. Исто и за екстерното, ако ги имаш сите поени имаш 10 бода, ако не 9,нешто итн. Е тука се разликите на факултет, да беше така како што викаш ќе имаше премногу деца со 100 поени на факултетите.
Според одговорите што ги пишува по форумиве, македонски се надевам на тројче, а англиски . Едниот интерен предмет и проектната задача ми е 5-ка, за другиот исто се надевам на 5-ка. Од успехот од оценките ги имам сите поени (60), е сега со матурава ќе видиме до каде ќе стигнам (се надевам меѓу 85 и 90 ).
Според ова што беше досега објавено Македонски јазик само 1 грешка, за кое не сум сигурна како го одговорив тоа прашањето. Инаку Девојки, јас мислам дека оценките од интерните предмети си пишува само со цела оценка. пр. Хемија ......... Одличен (5) Додека кај екстерните ги пишува и оценката и перцентилниот ранг. Така да, и доколку имате две (5) од екстерните, не се битни грешките ... (единствена добра работа од оваа криминална збрка) D поздрав !
важно ми е да ме примат, на факултет само, ништо друго неми важно, ни оцени ни поени. Ианку вистина е дека занекои предмети што сте ги учеле во средно ви даваат дополни поени, ако се потребни за факултетот ? (на пример, од математички-А изборните од гимназиите или електротехника и др предмети од технички училишта, за техничките факултети, електро, финки, архитектура, градежен, машински,пмф .)
Да можат да скратат многу. Од проста причина што на тоа е најлесно да ти каже дека си погрешил и дека не е добро напишано,кога ќе бараш приговор изненаден од пониската оценка. Не може на прашањата да ти кажат дека си згрешил кога одговорот ти е точен. Јас поради тоа имав 3ка лани.
Не, тоа е од пред матура. Сега единствено ако не ти одговараат предметите што си ги избрал со тие што се бараат можат да ти прават проблеми.
Повеќе не се важи ништо од тоа ни дипломи ни предмети се знае собирај оцени множи со 0.25 и види колку од вкупно 60 добиваш од оцените.. проекната се множи оцената со 0.8, интерните оценките се множат со 1.6.. а екстерните е тука се зафрканциите оценка множи со 2 и со перцентилен ранг шо сите ке не зафркне и тоа е тоа..
^Значи само оценката се гледа од интерните, 5ка пр. кога ќе помножиш добиваш 8 нели и не можеш под тоа да добиеш бодовите испаѓа дека немаат врска. А за проектната ок, 4 се.
па баш затоа што бидевите немаат врска, се смета дека е „полабаво“ на интерните.. твојата петка и мојата 5ка се исти.. а на екстерни може да имаш петка со 8 и петка со 9.8 бода..