При запишувањето, примените кандидати поднесуваат: 1. индекс, студентска легитимација и пријавни листови 2. три фотографии (две фотографии со димензии 3,5х4,5 и една со димензии 2х3) 14 3. потврда за уплатени 750 денари за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со назнака ИКСА на УКИМ, _______ (да се наведе факултетот - носител на студиската програма), на жиро-сметката 100000000063095 депонент: НБРМ, со сметка на буџетски корисник 1600103689 788 18 приходна шифра 723012, програма 41. Надоместокот од претходниот став на оваа точка го поднесуваат сите примени кандидати, во сите категории студенти (вклучително и студентите ослободени од плаќање партиципација и кофинансирање, по разни основи). Овој надоместок студентите го поднесуваат секоја учебна година, при запишување на зимскиот семестар. Ова е за сите факултети што спаѓаат под УКИМ
Девојки како треба да изгледа уплатницата од 750 денари на филолошки на уким? И тие првите 100 евра кога се уплаќаат, во понеделник ли?
Дали тие стипендии или пак ослободување од партиципацијата за 10те најдобро рангирани студенти на факултетот важи за сите факултети од УКИМ или?? Затоа што само на феит има листа конкретно за градежен и пмф ме интересира
За сите факултети од УКИМ е тоа. Најубаво, отиди до деканат и распрашај што треб и каква е процедурата чим не објавиле. Ни кај мене нема таква листа се уште.
па не сум од скопје и не можам да одам денес, а веќе 2 дена се јавувам на факултет ама никој не се јавува сепак фала ќе се распрашам
http://www.fon.edu.mk/novost.aspx?cid=-188 https://drive.google.com/file/d/0B5PgQvq0ZQTsSklsNjhqdmVhYUk/view види тука
Прашање до оние кои се на медицина, на уплатницата за партиципација кај назив и седиште на примач што точно треба да напишам, исто така и на уплатницата за ИКСА на УКИМ, и на уплатницата од 1000 ден.