Зашто не можам да се најавам на системот на Iknow,ми вика дека е невалидна емаил адресата или пасвордот..
Најави се од тука http://upisi.ukim.mk знам дека има уште еден линк на тој скоро никогаш не сака да те најави.
Ако се имаш регистрирано ќе ја напишеш е маил адресата и пасворд и најави се ќе кликнеш а ако немаш профил мислам дека не може веќе да се регистрираш на iknow бидејќи пишуваше регистрирај се сега го нема тоа
Ако мислиш за другиот линк не може мислам дека зошто гледај што пишува Системот iKnow во почетната фаза е достапен за студентите и вработените на универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. А денес и утре се уписите така да може не сме внесени уште како студенти во системот не знам што истото ти е уклучи се на линкот што ти го пратив.
Еве дечки, кај нас како пишаа за системот и профилите. Чекајте за известување, рано е уште за наши профили.
Индексите ќе ни ги давале на 15ти Септември- на првиот академски час,така ми рекоа кога прашав. Сега ни се задржани за заверка, отпосле ќе ни ги дале за тогаш ние сами да си пополниме со предмети што ќе ги слушаме во прв семестар и ќе си останеле кај нас.
леле мене ми текна сега дека таа пријавата што ја земав од книжарата денес не ја потполнив целосно поради гужвата, ама ми стигна меил дека сум во онлине службата нели и се уклучив на iknow, немам некакви забелешки. Дали би имало некој проблем, незнам.. да не треба да отидам до факс да прашам ? help
Девојки како се логиравте на Iknow системот, другарка ми од Градежен ми кажа дека на нив им рекле до 30.08 најкасно требало електронски да се запише семестаро..Мене на www.iknow.ukim.edu.mk не ми дава да се логирам а на upisi.ukim сеуште ми е валидна адресата но нема никаде за семестар
Добро, што е со iknow системов што не ми дава да се регистрирам? Зборам за стариов систем, не тој на upisi.edu
Дечки, не се водете според другарки и други факултети. Секој факултет си е приказна за себе и секој различно си функционира. Ј авете се или отидете до факултетот и прашајте за профилите. Прво треба одобрение од Деканот, и тој да ви го завери семестарот и потпише дека сте примени. Има време до 10 Септември кај нас е овозможен упис на семестар. Ќе истакнат соопштение на страната на секој факултет. Проверувајте си на страната или евентуално мејлот зависно каков принцип на работа има Вашиот факултет а не на другарките. Не брзајте. И неколку пати пишав, на iknow.ukim.edu.mk не може да се логираме се додека не ни испратат порака или соопштение дека ни се генерирани профилите и може да се регистрираме во систем. Тој систем е само за студенти и вработени. На upisi.ukim.mk можеме да се логираме, но не знам зашто би. Евентуално вас таму ако ви испраќаат нешто околу факсот или сега за активација на втор уписен рок. На нас од Медицински не ни е употреблив.
Се јавувам на факултет да прашам зошто сеуште ми немаат пратено маил со лозинка за пријавување на сајтот,ми вика госпоѓата од таму,немаме интернет,не можам ништо да видам...ее мој факултету и јас кај се запишав...