За втор уписен рок од кога ќе може да се најавуваат студентите? Ќе треба од ново да се прави профил на iknow системот?
Би требало на 15 септември да почнеме. Сакам да ве прашам сите што не сте добиле маил од факултетите, дали планирате да одите пак на факултет и да прашате што е проблемот или треба да почекаме уште? И дали со уписот сме го запишале првиот семестар или има уште некоја процедура да се помине?
И мене ми нема стигнато маил од факултетот,се јавив во централата на УКИМ они ми рекоа не се секирај ќе те пријават сигурно има некој проблем,али ќе почекаме до кај 2 саат и ќе се јавам на факултетот..
Браво чим си успеала да ги добиеш. Ѕвонев неколку пати и никој никогаш не одговара на телефон.. Фала ти за информацијата
И кај мене ништо нема стигнато а и кога ги предававме документите на 24ти ни рекоа само следете на страната кога ке биде доделување на индексите не спомнаа ништо друго..
Ако мислиш на линкот за уписи, не отвара заради тоа што сите профили што беа отворени за прв уписен рок, сега се избришани. А ако зборуваш за другиот, тој стално не функционира. Веројатно треба да добиеме маил за да може да се најавиме.
Јас да прашам како оди ова со стипендијата за 10те најдобри студенти,бидејќи веќе ја уплативме првата рата а сега испадна листата?
Епа рано им текна Мене ми рекоа дека стипендијата ќе ни се пренесе на втор и трет семестар, значи нема нив да ги плаќаме.
Јас не платив. Утрото на 24ти ѕвонев на ректорат и ми рекоа дека не треба да плаќам, а после на шалтерот ми бараа уплатница, па и реков дека сум ослободен и госпоѓата арогантна на шалтерот траеше и гледаше во мене како кој знае шо кажав и дури тогаш се освести и рече дека се е во ред. Сепак, се ќе направат за да ти ги земат парите.
Кога сакам да влезам на официјалнава страница на ПМФ ми излегува ова http://www.pmf.ukim.edu.mk/c/portal/login да не знае некој што е проблемов?