Е тоа ми беше муабетот, да си знам за догодина. Затоа се чудев јас, како може на факултет се разликуваат за 0.нешто поени а вака испаѓаат се цели бројки, и затоа. Значи перцентилите важат само екстерно, добро тогаш баш убаво и што 5ка со 11 и 12 бода нема никаква разлика на проектната
Среден успех од сите 4 години * 12 = мах 60 поени Оценка од прв екстерен * перцентилен ранг * 2 = мах 10 поени Оценка од втор екстерен * перцентилен ранг * 2 = мах 10 поени Оценка од прв интерен * 1,6 = мах 8 поени Оценка од втор интерен * 1,6 = мах 8 поени Оценка од проектна задача * 0,8 = мах 4 поени Резултатите од екстерните ќе бидат на 13 или?
Јас положив интерни и двата со 5 е сега ред е на екстерните.Ги проверив клучот македонски и имам 10 грешки со тие сигурно нема ни со 4ка Spoiler Еве ви линкче ми го прати една другарка незнам колку е сигурно https://docs.google.com/document/d/13xv ... 2PoC&pli=1
Нема врска, едно прашање не е еден процент. По тоа што го кажа една феминка, не знам каде и на која страна, испаѓа дека едно прашање, по ланските пресметки е околу 0.20%. Така да имаш 95% точен тест, со 10 згрешени. Освен ако не утнав во пресметките.
Ееее ако е така супер. И јас имам приближно толку грешни. Само да не ми одземат многу бодови на есејот
имам некаде околу 7 грешки :/// и се надевам дека на есејот нема да изгубам многу поени се надевам барем на 4
Со 5 грешки мислам дека нема реално немаме шанси за (5) . А ако веќе ги вреднуваат по 0.20, тогаш зошто под секое прашање пишуваше 1 поен. ? И мислам дека имаше 67 прашања (67 поени) и Есеј (13 поени). 67п. + 13п. = 80 поени. А од кај вадат максимум 100 поени, од нив си додаваат 20 поени.. или кој ќе мушне во нечиј џеб или ќе преработат врските ... ? Друг начин јас не знам ! Како може да не се објасни уште пред самото полагање , на кој начин ќе се оценува, однапред треба да имаат изготвено скала .. а не од кога ке ги прегледат сами да си прават сакали .. Еве затоа ПРОПАЃА ОБРАЗОВАНИЕТО кај нас !
80 бодови беа да, 67+13, но тие 100 не се бодови туку 100%. Значи колку % си решил од тестот. 80 бодови = 100%
По милионити пат, тестот се оценува по ПРОЦЕНТИ, а не по поени. Затоа има 80 поени, кои потоа се преработуваат во ПРОЦЕНТИ! Некое девојче напиша колку поени добила лани, а имала со сигурност две грешни. Од таму логички заклучив дека еден изгубен поен на тестот е 0,20 проценти. Значи не е тоа така, тоа е само моја претпоставка. Секоја година е различно и различен е рангот, зависи од многу фактори. Првиот е дека 10% мора да паднат. И од кај ви текнува вас дека си додаваат поени ?! Жити се.
Ќе можи некој да ми пушти линк од страницата кај што треба да бидат објевни резултетите по математика и македонски однапред ви благодарам......
Океу, ИЗВИНЕТЕ доколку е така ! Македонија е ПРВА ЗЕМЈА ВО СВЕТОТ очигледно каде што поените се претвараат во проценти/перцентили и што ти ја знам. Али ајде па нели е оваа сепак Македонија ! Нека им стојат перцентилите, (нека им се полат џебовите) , не ЗОШТО фино лепо да не се напише скала на самата матура или немора таму, нека ја има на сајтот (www.matura.gov.mk) ставено скалaта. Каде во светот има, од кога ке се испрегледат да се тупоса скала извадена од ракав ?? Луѓе за жалење сме !
Ту, како договорени, таман сега се вклучувам. Види, многу пари се вложуваат во матурата. Ако дадат скала, може нема секој да ја исполни онаа за двојка, па да се случи матурата да биде неуспешна. Затоа и напишав 10% мора да паднат, за да не се случи да паднат повеќе. Замисли, пример, даваат двојката да биде до 45 поени и паѓаат 20% од учениците. Недозволиво е тоа, ќе им пропадне планот на тие од фотелјите. :geek: Се е политика за жал, се согласувам дека сме за жалење. Можам да заклучам дека на крај краева, работата беше кој повеќе ќе успее да се снајде од тоа кој повеќе има научено. Тоа ти е. Ама да ти кажам, како сакаат нека свират, така ќе им играм. Само да не се чудат после кога повеќе од половина млади ќе ја окарактеризираат Македонија како ,,неуспешна,, за живеење и ќе си заминат.
Морам да искоментирам дека матурава ја направија најголема глупост. Според мене далеку подобро ќе беше да се полагаат приемни испити на факултетот на кој кандидатот сака да се запише отколку државна матура, а да не зборам дека не е веродостојна ама воопшто. Не е веродостојна затоа што прво има разлика од интерен тест во едно училиште, до интерен тест во друго училиште по истиот предмет. На некои им даваат по 150 или не знам колку прашања да си ги научат па од нив се паѓа, а некаде некој треба да си го повтори целиот материјал од 1 до 4 година. Оној со повторуван и научен материјал може и ќе добие 4, а знае 5 пати повеќе од тој што ги набубал прашањата и со тоа губи поени на уписи. Второ, кај екстерните предмети се' се сведува на тоа кој колку прашања ќе успее да дознае пред полагањето (како што видовме и на форумов дека темите за есеи беа познати претходно) и на тоа каков тестатор ќе ти се погоди. Некаде нема да можеш ни да мрднеш, а некаде можеш комотно и книга да си извадиш. Заклучок: Го уништија секој концепт за матурава, затоа што виделе дека некаде во странство се спроведува нешто слично, а врска немаат како да го спроведат во пракса.
Да, така е, а тоа се случува ради професорите што ги даваат прашањата, а не смеат. Еве гледам, особено во другите градови во Скопје не баш на сите им ги даваат прашањата и истите им се паѓаат ги научуваат и вадат 5ки интерно. А тука во Скопје се мачат и ептен некој ако пушти срце да даде прашања, или ќе даде некои и ќе рече:научете ги сите, некои ќе се паднат. И после во Скопје имало многу од други градови, е има кога се даваат истите прашања. А некој ќе го учи цел материјал и пак ќе има послаба оценка и пониско ќе биде рангиран на факултет. Немам против оние кои доаѓаат во Скопје да учат од други градови, ама имам против што колку што сум упатена ги учат истите прашања и истите им се паѓаат додека тука во Скопје си учат се` тие што ги знам, а и што имам слушано и за други. Испаѓа во Скопје треба да се учи се`, а во другите градови само за екстерните, интерно прашањата. Ич не е фер. Исто и за полагањето, во Скопје строго не смееш глава да свртиш а во другите градови се утепале од препишувања и било многу лабаво полагањето. Што сеа, ќе праиме филм во Скопје, ќе снимаме полагање ќе носиме од Влада да потврдат и од други училишта дека се` е регуларно, а во другите градови башибозлук полагањето.
Види, да се буниш дека нервираат сите средни школи коишто не го спроведуваат тестирањето како што треба, сите професори коишто даваат да си "потшепнеш" за време на тестирање, или неадекватни спремени/однапред пробиени тестови е во ред. Меѓутоа ти направи генерализација дека Скопје е единствениот град кајшто се случувало регуларно тестирање, а познавам луѓе коишто ми имаат спомнато дека и во Скопје, кај нив, како и кај сите школи постоеле различни професори со различен пристап и однос за време на тестирање, со најразлична строгост на казнување. Можам апсолутно да се сложам дека страдаат добрите ученици на сметка на оние коишто доаѓаат да препишуваат, и работата треба да биде спроведена поозбилно насекаде во државата. Меѓутоа да ти го изругам пристапот во кој без да го употребиш зборот провинцијалци успеа да кажеш дека во Скопје студираат многу од други градови единствено бидејќи во другите градови има неадекватна едукација и полесно добивање на оценка. Симни се ти и твоите сограѓани малку на земја, дека колку Скопјани заслужуваат да студираат во Скопје, толку и оние од другите градови. Реченицата ти е крајно дискриминирачка ко да оние од другите градови нема шанси да се доволно интелигентни и способни да ги научат материјалите и да извадат асална оцена да не би биле пропустите на матура. Глупости!
Нема врска, не го кажав тоа Значи кажав дека ме револтира фактот што во Скопје се прави театарска претстава буквално, секако со различна строгост е во сите училишта ама еве моево, не толку строго само филозофија ги даде прашањата.Другите даваа дури и грешни Зошто тоа не е така во другите градови? Зошто сакаат професорите нивните ученици да успеат и да студираат и во Скопје да можат да влезат на државниве факултети со конкуренција. Не е фер, и не ми ги превртувај зборовите. Не е фер тоа што тука се праи филмче како се` е регуларно а од други градови ми кажуваат како се` се препишува, што се` се праи, како им стигаат цели есеи на мобилни итн. додека кај нас и до вц да отидеш мислат дека идеш да препишуваш, бог да чува. Никаде не го употребив зборов провинцијалци и реков дека не ми смета и немам против што доаѓаат тука, ама ако веќе ме влечеш за јазик, сакаш да ми кажеш дека нема сегде испоотварано факултети, ама пак желбата е да се студира од Скопје. Еве од Штип кокретно од економскиот знам случај што девојката дотука дојде само да се запише на економски во Скопје, а има во Штип. И што се постигнува со тоа? Пренатрупаност на факултетиве во Скопје, а останатите џабе отворени. Па не се џабе отворени мајкуму. Ги поддржувам сите кои го немаат факултетот што сакаат да го студираат во близина па доаѓаат во Скопје, ама оние што збеснуваат имајќи го во близина и доаѓаат тука НЕ. Не е работата до интелигенција, работата е што факултети почнаа да се отвараат секаде низ Македонија и зошто упорно и упорно пак сите доаѓаат во Скопје, тоа е проблемот, не се џабе отворени како што реков. Тука се трупа конкуренција и после мора сите да учат за 90+ поени, епа мора. И најтрагичното е што во другите градови повеќето ги даваат прашањата, а тука ете ќе се најде некој таков што ќе ги даде и сите се радуваат. Требало Владава да мисли и на тоа, па ако веќе не функционира баш системот со факултети секаде низ Македонија, да престане да дава жителство, па да дојде се` близу некоја нормала, зошто не сме во Кина.
Ве молам да се држите до темата. Има друга тема за студирање во Скопје или во друг град. Сите оф отпици ќе бидат избришани.
не знам зошто толку се жалите од скопје, бидејќи во мн градови од Македонија имаше гласини, а исто така и самите професори ни рекоа да се консултираме со ученици од Корчагин и од Јосип БРоз од СК, бидејќи во главно од таму професорите ги составувале матурите, а имаше исто така муабет дека ученици од Корчагин ги имале од напред задчите математика екстерно. Кај мене имаше тестатори кај кои не смееја учениците ни да се почешаат, а имаше и некои кај кои матурата ја направија панаѓур. значи целосно се согласувам со мислењето на Jewel дека матурата не е веродостојна.