Денес ли треба да се објават резултатите од вториот уписен рок? Дали некои од факултетите имаат веќе објавено?
Ако зборуваш за медицински во Скопје, со самото логирање на страната на факултетот на студенти од I семестар им се запипува семестар.
Да ве просветлам со iknow системов, контактирав со секретар од факултетов мој ми кажа дека системот за бруцошите ќе е отворен после 15ти септември и дека после тој датум ќе се запишува семестарот, не се думајте веќе свесни се дека сме 1ва год затоа имале посебни термини за нас
Aman devojko,nema sto da baras na iKnow. So iKnow si zavrsila na upisite. Cim si na Medicinski, Najavi se direktno na stranata, tamu treba. Direktno se e zapisano I popolneto, samo da si potsredis ako sakas neso.
Луѓе, кога треба да се запишуваме ние од втор уписен? И што документи се потребни зошто не можам да најдам на страната на факултетот?
Имам едно прашање: Каква е таа изјава заверена на нотар со која ја менуваш својата националност? Прашувам за другарка,бидејќи таа воопшто не беше примена на факултет, била денес и и кажале да се пиши друга националност за да ја примат?
Девојќи за упис на факултетиве читам дека треба најпрвин да се регистрирам на upisi.ukim.mk Пред пријавувањето во роковите утврдени со конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава Кога одам на уписи.уким.мк не гледам никаде за да се регистрирам.Дали може некоја да помогне бидејќи стварно не ми е јасно
@dimebencov на кој факултет сакаш? и вториот упис мислам дека помина нели..на трет уписен рок сакаш или? не те сфатив баш едит - дали знае ние на јустинијан први што сме запишани на правни студии кога почнуваме? На страната имаат пишано само за односи со јавност и новинарство ужас се стварно, денес ако не пишат викендов па ич..од кај да знам дали треба и ние во понеделник да идеме или не, само за нив пишале цц
Како може туку така да се смени националност?! Да беше така, сите ќе правевме. Нека си бара друго чаре другарка ти..
Може да си мењаш националност како сакаш и во која националност сакаш. Не ја знам точно процедурата како е но знам дека може. Многу мои познанички во Штип така се запишаа а се Македонки. Сменија националност во Власи, Роми, Хрвати, Словенци, Руси и си влегоа во државна квота тоа.
Тоа ти е изгледа изјавата за националност што ја има на последната страна од електронската пријава нека си ја симне и пополни.
Мислам дека не можеш зошто е поминат вториот уписен рок. Почекај да се активира запишувањето на трет уписен, на страната на факултетот ти пишува кога е, и тогаш ќе можеш да се регистрираш.
па запишувањето е на 15,али тогаш веќе е касно.Нели претходно се потполнува електронската пријава.Стварно не ми е јасна работава