На Економски Св.Кирил сум прва година насока Е-бизнис,но поради некои семејни причини отидов во Белград и првава недела ја пропуштив. Има ли некој(а) тука кој е прва на економски?Може да ми пишете порака за да си помогнеме сега и во иднина за што и да е потребно. Да напоменам.Мене ми требаат сега засега книгите Основи на Сметководство,Основи на Економија.За математика незнам сеуште.Изборниот,всушност задолжителен предмет ми е Е-бизнис поради департманот кој го одбрав. Е сега прашање до оние кои се втора година па и постари. Дали ги има некој овие книги за продавање? Како најлесно би можело да се помине на испит по математика,е-бизнис,економија и сметководство. односно како најлесно да се учи? Дали од книга,скрипти или само од решени задачи? Постијрајте веќе ако сте поминале,како и од каде да учиме,а за новите студенти во прва година како се снаоѓате со учење и материјали.
Да ве прашам нешто...дали ако се запишам на правниот во битола,можам да барам работа нешто поврзано со криминалистика,уствари криминален инспектор?
Нема да се важи помалку. Деновиве се распрашував и јас баш за тоа и се консултирав со предметниот професор каде што сакам да земам и проектна и интерен. Проектната нема никаква врска со предметите шо се полагаат.
Може пример некои теми да ми кажете за проектна по англиски? Англиски ќе бирам, ама не знам што тема да земам.
@Jeniffer Кај мене во клас обично земаа анализа на книга, филм, серија такво нешто, и од претходните години обично тоа земале, така да пишувај си за омиленото нешто од овие, само пази да не се повторува од претходните години. Јас земав историја иначе, оваа социологија ми се понашаше ја бркав по ходници и нејкеше да ме сослуша
За да се запишам на факултетот за туризам во Скопје, кои предмети најмногу би ми одговарале да ги полагам за матура?
До петок е.. јас завржив се на време,прашувам за колеги на нив веќе 2 дена не им отвара ниту нема табели со испитите,,
Нека одат до студентски да прашаат што е проблемот или да се јават Не е баш најсјајно среден системот,затоа зафркава.
Отприлика кога е најдобро да се започне со спремање за матура? Тие што имаат полагано хемија екстерно дали ќе може да споделите искуство?
Филозофија беа едноставни прашања,наведени цитати,па во одговори да заокружиш чиј цитат е тоа,па имаше наслови од дела и неколку понудени одговори со имиња на авторите,да одговориш кој филозоф на кој филозофски правец припаѓа и слично. Имавме едно есејско прашање,ти пишува горе на која тема,од колку зборови максимум треба да се состои составот и дадени прашања според кои треба да се водиш во пишувањето,не беше тешко.
Сакам да прашам за проектот за матура , колку страни треба да биде отприлика и дали треба да имам и power point презентација?
Повеќе од 10 стр., јас имам 18, ама може и помалку. Проектната треба во power point да ја правиш. Ти во word ли ја правиш? Кога ќе треба да ја принташ од power point ќе ја испринташ, не треба дупло да правиш и во word.
Јас да ве посоветувам малку... ако имате нешто други прашања тука со темава ќе ви одговорам. Прирачници има по македонски јазик во книжарниците често држат, но има повеќе примероци па така можете да ја прашате вашата наставничка што ви предава која програма е подобра и кој е најдобар, јас го имам од Билјана Богдановска. Други предмети што полагав не учев од скрипти туку од учебниците... јас имав избрано историја, а тој го учев две години во прва и втора година и двата учебника ги учев. Во врска со проектните за теми можете сами да изберете но може и да се консултирате со вашите ментори, каде што сте ја избрале проектната задача. На страната на министерство ми се чини имате примери и како треба да изгледа се пишува во Ворд нормално, отприлика до 12 страни ама не е проблем и повеќе да имаш. За презентациите си одлучивме ние јас кога полагав затоа со менторите ќе се консултирате дали морално е, но јас мислам подобро е зошто полесно можеш да се потсетеш на материјалот преку презентација, имавме ние поени плус од тоа. Колку што знам од презентациите за 5ка носеа 12 поени.
Хемија и не беше баш лесно, особено задачите. Нас не подготвуваше професорката и си учевме од тоа што сме го училе четирите години. Искрено, треба сериозно и многу спремање за хемија.