Може некој од претходниве год да пиши со колку % каква оцена имале по мак. анг. мат. Знам дека годинава ќе биде поинаков клучот, но каков и да е нема мн. да се разликува.
Факт е дека ако на матурата си решил да играш чесно и поштено дека ќе извадиш едно поштено тројче. Немојте да мислите дека не учев или дека очекував да се снајдам - ооо, мозочните клетки во април, мај и јуни ми беа ориентирани кон матура. Кога другите можат да препишуваат цели есеи, да имаат цели тестови, јас не сум последна будала па да не се снајдам. Веќе повторив еднаш, мене ми помогна тоа што на фемина ја прочитав претходно темата. Не бев сигурна дека е таа, ама имав смислено некој концепт по кој ќе пишувам. Да ја видев таму, во сета паника, не знам на што ќе личеше есејот. На тоа што тие сакаат да прочитаат, сигурно не. Во животот напред одат тие што ќе успеат да се снајдат, макар играле и нечесно. Тоа ти е. На сето учење што го сторив, уште да се зафркнев и да ја утнев матурата. А жално е што многу се зафркнале и ќе се зафркнат, мислејќи дека пресудно е само знаењето. Менува многу, ако ти немаш книга фатено нормално дека немаш големи шанси за добра оцена, но крајно, се согласувам со едно мислење дека најбитен беше тестаторот, групата и соучениците. Жално. А за тоа дали интелигентни или не студираат во Скопје, муабет ќе правиме по 10 години. Тогаш ќе видиме кој каде стасал. Сега е излишно да коментираме.
дузи не си во право, лани не се знае претходно темите, си седнавме 80% од нас научивме и чесно си извадивме оцени. еве лично јас, без препишувања, без никакви врски и слични работи, извадив две 4ки.. и по македонски и по англиски, по македонски ми беше со повисок ранг.. така да не мора да значи дека ако некои добиле повисока оцена од 3 дека играле нечесно
Потоплно се согласувам со Плавуша.. Не потценувам никој ни јас, имам многу другари и другарки од другите градови, ги почитувам премногуу !!.. Но не може мене некој да ми каже дека толку многу учите како во Скопје.. Сега зборам општо значи има деца преку години 2ки и 3ки на крај сите 5ки .. Ајде нека каже некој дека не е така.. Кај нас една 4ка не поправаат. Второ за интерните ви беше дива лига мора да признаете.. Сите што ги знам ми го кажаа тоа. Јас се мачев цели учебници да учам, а кај вас ви давале прашања ( некаде и во Скопје давале) а поголемиот дел им викале ај ако си одличен ученик не се секирај ќе имаш 5ка ..Гет лост.. Ти се плукнам во се'.. Неправда е ГОЛЕМА !!!..
Уште еднаш ви кажувам за Скопје и факултетите во другите градови да ја префрлите дискусијата во соодветната тема. Инаку тука ќе бришам.
^Велешанке, немој да ме сфатиш погрешно, дека ги советувам да не учат и да мамат. Него, јас зборувам од мое искуство. Да зборуваме најотворено, дали ти беше задоволна од постигнатиот резултат ? Те знам и знам дека сигурно можеш повеќе, а токму тоа повеќе може да се добие на тој начин што го сугестирам јас. Таман работа дека СИТЕ мамат или дека СИТЕ учат, секаде има исклучоци. Зборувам во глобала. И сама знаеш колку јаки ученици од твоја генерација разочараа на матура. Лани фејсбукот беше бомбардиран од тоа колку имаше незадоволни од матура. Па волку проценти ми фалат за 5ка, па приговор ќе пишувам, па они врска немаат... Не знам кој е во право, кој не е. Пак ќе речам, кажувам од тоа што јас го поминав. Никој не може да ме разувери дека снаоѓањето е штетно, зарем тебе некој ти рече ,,браво,, затоа што не доби помош од страна за матура ?? Мислам дека не. Исто како што и никој не ги искарал тие што добиле решен готов тест.
Spoiler Дечки темава отиде во несакана насока, прекинете со офтипици Инаку јас да се пофалам и вториот интерен ми е со 5ка, сите можни бодови. Сега коа ќе бидат резултатите од екстерни и нема да сум тука ама не ме интересира. Карина се замараше за стипендија, нема да се замара пак сега. Едно гајле помалце. Ви пуштам среќа да имате добри оценки на екстерните, земете од мене по една оценка мене и така не ми е потребна
најверојатно резултатите од естерните испити ке бидат објавени на 12 јули или ако нешто закаснат 13 ајде уште малку во неизвесност
мене ми кажаа дека ќе закаснеле со резултатите,демек ќе биле објавени на 27ми колку е точно ,појма немам
Колку треба да имаш минимум бодови од матура+успех за да се запишеш на електро во СК,а колку за на машински...сори ако сум офтопик
За електро и доволна да си влагаш, многу малку луѓе има зошто е многу тежок според мене и многу други најтежок, а машински зависи на кој смер
Јас мислам дека се е релативно и зависи од година во година и од бројот на пријавени па по оцени се иде на елиминација. Најубаво да си видиш на страната на факултетот може пишува
Па не си воопшто оффтопик. Темава е ......и уписи на факултет Ај сега да небидам јас - мислам дека овие два факултета примаат голем број на студенти, така да не би требало да бидат потребни многу бодови. Среќно
Епа види, тоа никој точно не може да ти го каже. Прво, зависи на кој смер сакаш. Некои смерови се пополнуваат веднаш, некои до трет уписен рок се празни. Се тоа варира во зависност од бројот на конкурирани студенти. Потоа, можеби минатата година се пријавиле 50 студенти со по над 95%, а оваа година ќе бидат 30% или 70%, тоа никој не може да ти каже. Лично според мене, за така ,,потешки,, -ставам во наводници затоа што секој факс си има своја тежина - факултети ти требаат солидни поенчиња, ако сакаш да одиш на некој ,,популарен,, смер, каде што има конкуренција.
излезе и официјалниот клуч а таму сепак стои дијалог и антитеза што значи јас 5грешни имам, ајде само за убаво да е
Според официјалниот клуч јас имам 8 погрешни одговори, вклучувајќи ги одговорите за Чичко Горио што можеби и ќе ми се признаат (тука некаде и претпоставував дека ќе имам). Едното прашање го знаев точниот одговор, но од брзање погрешно заокружив на Листот за одговори (Здравје да има). Е сега од се' срце се надевам дека ќе добијам солиден број на поени кај есејот, ама којзнае. Англиски буквално не се сеќавам на ниту еден одговор што го пишав, освен првата вежба... така да овој клучот ништо не ми помага за да си ги разрешам дилемите околу тоа дали ќе имам пролазна оценка .