Дечки јас лани полагав матура така да I feel you. Не се секирајте не е толку тешко,за прашањата од делата имате извадок од делото и околу тоа се прашањата и плус ако го имате прочитано делото или пак кратката содржина од книгата за матура секако ќе решите. Граматиката исто така не е тешко, лани на нас имаше најмногу за зависносложени и независносложени реченици. За есејот ако не знаете баш добро за темата од материјалот влезете во ваш филм и филозофирајте на слободната тема,само внимавајте на бројот на зборови. И тоа е Ви посакувам многу среќа на сите П.С и јас лани ова време не спиев заради матурава и се нервирам што ќе биде како ќе биде а еве сега спремам испити
slobodnata tema e humanisticko.....temata od delata tragedijata...... a prasanjata ne se od onie sto se vo skriptata
Прилично добро минавме, само некако поразличен ми беше форматот од претходните, и немаше песна за чудо. Инаку за есејот не знам што да кажам пишував за вината кај трагедиите ама и јас не знам шо пишував а зборови имам 400.
Супер бешее и многу лесноо а што мислите ако имам неколку прашања одговорено со печатни букви ќе ми се сметат за неточни или нема веза тоа???
А она со Пољаќиња, Пољачка? Дали сте знаеле дека по новиот правопис правилно било Пољачка? Кај нас сите утка направивме... (секако освен некои што го "искористија тоалетот" и си проверија на нет ) Воглавно не беше тежок
Точниот е Полјачка на интернет проверив јас од кога завршив ама џабе ние сите заокруживме Пољакина и не е точно.... А ние македонците никогаш не сме употребувале Полјачка нз како така