Луѓе јас на прашањата прво почнав да пишувам со печатни букви така имам околу 3-4 прашања па после ракописно продолжив... Ќе ми ги сметат ли за неточни или нема веза тоа
Во правилата пишеше на ракописно дека треба да се пиши ама мислам нема врска, ќе ти ги прифатат, глупаво би било доколку точни прашања не ти ги важат само заради ракописот
Да и од кога го видив тоа почнав ракописно...ама мислам дека тоа е ако е пишувано во еден тест со различни ракописи од мене и од други... Ај ваљда ќе ги прифатат
Во прашањето за Панонски легенди,кој жанр се,требаше житие да се одговори или нешто друго ?? И тие на -бес зборовите што почнуваа кој беше погрешен ?
За Панонски легенди жанрот е житие да, а од зборовите бесовесен е грешниот. Јас да ве прашам за Црно семе, последното прашање што беше елементи од кој правец користи Ташко во делото? И глаголот синтаксички што означува? Повеќето пишале дејсто, јас пишав прирок дека синтаксички.
Постои тука некој што ќе ми објасни за есејот англиски? Ништо не ми е јасно... Значи има еден есеј на слободна тема (колку зборови е тој?) и едно писмо кое може да биде формално/неформално? И колку зборови е писмото и какво е тоа писмо... знам има жалба нешто, колку се вакви Има како македонски кога полагавме да бираш или и двете се задолжителни? Најглупо е... ми оди англиски, најмал проблем е, ама ништо не ни е јасно како ќе биде.
Задолжителни се и двата и за двата ти дават од нив теми на кои ти треба да пишуваш...Иначе писмото е од 80-100 зборови а есејот е од 140-180
Аха, фала... А какви писма има? Кај да ги барам? И тој слободниот есеј формален е или не? Знам дека сум досадна ххаха