Мила не се нервирај... Конкретно немаш граматика ама има даден текст со празни места каде треба да вметниш глаголи,именки кои исто така ти се дадени на листот како во табела се... А за пишување имаш и есеј и писмо
Од минатата година зборовите веќе ги нема во табела, според содржината на текстот треба да ти текне кој збор треба да го ставиш, разгледајте го писмениот дел од јуни и август 2015.
Кажете математика како поминавтее ? Јас се разочарав,задачите со заокружување и дополнување беа ок,ама последните задачи многу тешки,во прирачникот немаше ни слични такви,дури и тестаторите ни велеа дека годинава се многу потешки за разлика од лани,и претходно.
Јас само тестовите од 2005-2015 ги решив и си направив како шема за пишување писмо и есеј. п.с Колку само потешки и потешки стануваат тестовите од 2005 до сега
https://www.ugd.edu.mk/index.php/mk/ugd/konkursikonkursi ^^^ Искочи конкурсот за упис на факултет за УГД, доколку некој планира таму да се запише Ајде сега се надевам набрзо и за УКИМ
пошо нас никој ништо не ни кажа за англиски...овие есејот и писмото ќе треба нешто неколку параграфи па во првиот што се кажува, па во вториот и третиот или повеќе како на писмена англиски кога имаме или слободно како сакаме?..а за формално, неформално би требало сами да сфатиме зависи што се бара...
Јас за англиски не се притресувам ич, ќе седнам само да видам за писмава, есејот како се пишува, за историја ми е страв повеќе, уште учам од прва, а нема време (и сега едвај фаќам книга) Има некој друг историја што полага?
И јас имам некоја шема за писмо и есеј.Само деновиве ме тресе некој страв.. Ај, ќе се протурка некако.. За овие со надополнување (по еден збор што се допишува) како што гледам е повеќе на логика, во зависност од текстот.Ами, овие на заокружување (најпоследните) се некако двосмислени.. @the.vampire.girl да, фала ти.
Дали некој се сеќава од лани полани која била темата на есејот по англиски и на писмото(формално/неформално) ? Патем a/an, the, and, to не се бројат или ?