не бројат зборови за филозофија, до сега не го правеле тоа а нема ни да го прават. Доволно е да имас две страни текст.
Па и јас видов на матура страната тестовите нема никаква граница зборови дали над 400 може или под 350 затоа се исплашиф..фала ти многу ми олесна
А јас за македонски да прашам пишуваше од 350-550.Ја заборавив да ги пребројам зборовите имам две страни и една реченица на третата. И сега се мислам дали имам доволно зборови.Се изедов жива. Иначе знам дозволуваат 50 а долна граница веќе 60 збора повеќе или помалку од даденото.Па од прилика во две страни средна големина на зборовите ќе имам ли доволно?
Ако пишуваш мали букви доволно е,а ако пишуваш со поголеми букви и пошироко мислам дека може да прават некој проблем....но 2 страни веќе сигурно има 300 зборови
Не се секирај, јас 468 зборови напишав Во последен момент ми дојде инспирација и не можев да запрам, доцна беше веќе да менувам
Да не знае некоја отприлика кога ги даваат дипломите? И дали може на некој ако му треба за упис во странство да му ја дадат порано?
@krofnicka27 како што знам, средината на август се даваат дипломите. Порано можат да се дадат, некаде крајот на јули/почетокот на август.Мојата треба да ја земам првата недела од август, зашто и мене ми треба порано.И задолжително контактирај си со класниот раководител деновиве, за да те земаат в предвид дека треба порано да ти биде спремна.
Ако сакате порано, запнете ги класните повеќе зашто не се замараат баш. Ние лани ги добивме дипломите тек на средина на август, а имајте во предвид дека уписите доаѓаат набрзо после тоа. Значи треба брзо да се соберат документите и обавезно направете си копии од нив заверени на нотар, зашто може да се случи да ви изгубат некој од нив при уписот...
има ли некој одговорени прашања социологија интерно? ако може да ми испрати неможам да најдам учебник
Интерно ви се за секое школо различни прашањата, односно професорите сами си ги прават и ги прегледуваат.