Јас се извинувам што пишувам овде по 100ти пат, ама ништо не ми е јасно..Денеска од оправдани причини не можев да отидам на полагање на интерниот предмет..Ја испратив мама да каже таму и да праша кога би можела да полагам и и кажале дека можеби ќе ме пуштат деновиве да полагам, а ако не ќе полагам во август..Ме интересира дали некој знае кога е вториот рок за полагање и дали тоа се смета како паднат предмет па го полагам пак или како првпат ќе ми се смета?
Како можам да се најавам на iKnow системот? Не можам да најдам 'регистрирај се' , дали се има некој регистрирано, ве молам за помош?
Уште не е испаднато...да се зачлениме треба електронски па ни даваат бројче кое кога ќе одиме да се запишуваме ќе ни треба таму.така некако е..но сеуште не е испаднато тоа ќе има на страната на уким..Оваа мислам некаде јули ќе треба бидејќи уште немаме резултати од матурата
Јас како што гледав уште не е испаднато таму уписен рок за 2016/17 така да ќе си почекам право се заедно и оценките од матура
На УКИМ има испаднато конкурс за уписи за оваа година и има упатство како да се најавиме... па затоа јас се најавив на iKnow системот...
Знам дека ова не е тема за цимерство, но бидејќи гледам дека коментираме за уписи на УКИМ, поточно има за медицина би сакала да прашам дали има некој кој планира да оди во Скопје на медицина, општа или стручно? Јас имам најдено стан но ми треба една цимерка, станот е на 5 минути од медицински факултет и е за двајца. Ако некој е заинтересиран може да ми напише во порака за подетални информации и за контакт.
Градежен или медицина би ми препорачале? Знам дека се сосема различни но и двете ме интересираат, па што мислите поперспективно што е?