http://drzavnamatura.dic.edu.mk/RezulTati/rezultatijuni16.nsf Еве линк, тука има резултати. Јас мк 4, анг 5, историја 3. Не е лошо, ама можеше бар историја подобро.
http://pees.feit.ukim.edu.mk/kalkulator-upisi.php нека не ве буни што пишува феит , ова е за сите факултети
Оној од финки е точен зашто десно има опис како пресметува и е на таков начин како што пишува во конкурсот за упис. Бајдвеј, трите петки. Одам да славам
Колку се минималните поени за влез во државна квота на Филолошки, за германски јазик?Со 83поени имам ли шанси да влезам во државна?
http://www.fakulteti.mk/upisi/2015-2016/rezultati.aspx Еве од лани резултати за УКИМ. Јас имам околу 85 бода, сега таман точно да пресметам не ми ја отвара страната. На правен влагам сигурно по резултативе од лани, односи со јавност исто и на италијански само уште да се одлучам кај.
Да ве прашам што полагавте на државна англиски оваа година како беа тестовите, тешко, лесно? Текстови беа, што писма имаше? Сакам да пријавам јас за август да го преполагам од лани, не знам дали ќе можам.
За разлика од претходните години, вокабуларот беше на повисоко ниво. Во писмото се бараше да поднесеш молба за работа, есејот беше за заштита на шумите и животните.
Мене лесно ми беше, освен една вежба кај што се бараше да заокружиш кој што кажал од текстот, а буквално нигде во текстот немаше одговори на тие прашања, јас ја препишав таа.
И матура ли, чудо ли ? Знам деца што постојано си учат, а на матура слабо.Од друга страна, деца што цели четири години ни им се учи, а камоли на школо да одат..оп, ист (некои и поголем) ранг. Не оти мене ми менат нешто оценкиве, во глобала задоволна сум Spoiler (македонски 5, другите два предмети 4) . Најкриво ми паѓа за тие што се труделе со знаење. Реално, меѓу нас, сите знаеме кој колку стварно заслужил. И сè се сведува на формалности. Матура де. Ниту е показател, ниту пак во иднина ќе биде за реални оценки.