Da, ama jas vekje probav za elektronska prijava i popolniv licni informacii, i na naredniot cekor ne mi davase, mi pisuvase deka kje moze otkako kje bidat vneseni drzavnite kvoti, a sepak imam broj na prijava znaci koa se logiram mi pisuva broj na prijava, no ne mi gi dava narefnite cekori...I sega ne znam, imam ili nemam prijava? Ne mi e jasno, a ne mozam narednite cekori da gi potpolnam...
@piglet1 немаш. Најверојатно има некоја системска грешка, која сигурно ќе биде средена за некој ден или пак уште не им се внесени квотите во системот. Пробај за некој ден повторно, неколку денови пред уписот, секако ќе биде средено. * Овде ви е објаснето чекор по чекор за електронската пријава. Претпоследниот чекор е принтање на листовите. http://www.ukim.edu.mk/mk_content.php?meni=98&glavno=41
14та минута од видеото ви покажува што да испринтате. Тие неколку документи. Кој конкурира врз основа на националност, нека го ископира и тој документ, на другите не ви треба.
Како да постапи студент кој завршил прва година на еден факултет, но и порано желба му беше да студира друг ? Неуспехот не е причина, бидејќи има висок просек. Се распрашал за се и одлучил да се пријави како да нема воопшто студирано, без барање да му се признаат кредити, испити ... Знае дека конкурира според критериумите на факултетот. Единствено нејасно е дали може да биде примен во квотата со 200 евра (со оглед на исто така високиот просек од средно) или , поради отпишувањето (не префрлување, бидејќи не бара никакво признавање на ништо од претходното студирање)) од еден факултет за да се запише на друг, мора да оди со кофинансирање - 400 евра?
Женски, првите 5 или 10 студенти кои ќе бидат примени на факс се ослободени од партиципација? И дали рангирањето е врз основа на смер или целиот факултет?
Ако грешам нека ме поправи некој, колку што знам рангирањето е на ниво на универзитет. Ама на ниво на смер сигурно не е.
Ослободени од партиципација се десетте запишани студенти со најмногу перцентили при уписот. И тоа се рангира на ниво на факултет, земено од сите смерови на факултетот.
Кои ли се тие потребни документи? Зашто е празно? Дали и кај вас е така или?? Уписот ни е наредната недела (четврток и петок), а еве кои документи да ги принтам јас од пријавата??? Па ова е живо неорганизирано, што воопшто не ме ни чуди! Да му се сневиди.... ужас!
За полагање матура македонски, дали вреди да се учи од прирачникот на Билјана Богданоска, од каде може да се набави и која е цената?
Од iknow за уписи треба и интерен пријавен лист и универзитетски пријавен лист? П.С. Има некој шо ќе иде применета хемија на ПМФ?
@VMP Не знам дали добро разбрав ама си завршила една година на друг факултет (пример ФИНКИ), ама годинава сакаш да аплицираш на сосема друг факултет што нема допирна точка со овој зашто и порано си сакала ( пример Архитектонски) ? Си конкурираш најнормално како прв пат да се запишуваш на факултет и те рангираат како прв пат да се запишуваш. Ако имаш доволно поени за државна квота влегуваш државна, ако не приватна.
кога се датумите за полагање матура во августровскиот рок ? конкретно македонски ме интересира, затоа што на стр за матура не објавиле никакви датуми само локации ставиле каде ке се полага
Од кога ја испратив пријавата каде да одам да најдам за да ја испринтам не ми дава ништо за да свалам???
Благодарам. Твојот одговор ме релаксира. Да, имам доволно поени барем за првите петнаесет места на групата на која се запишувам, а за државна квота предвидени се четириесет.
Ехе, немаш гајле тогаш. Ама испис направи од другиот факултет? Документите ги имаш? Имаше на ФИНКИ калкулатори за поени, што по нова програма полагале матура, а има и за по стара.