Кога ќе одиш во пошта или банка ќе кажеш да ти дадат административна такса и таа ти е се пополнета само треба име презиме твое адреса,матичен број и потпис 50 ден е и провизија 35 ден.
Еве како уплатница(превземена е од медицински, ама мислам дека е секаде исто) http://www.medf.ukim.edu.mk/upload/dok/3092_991625495.jpg Кај ххх пишуваш шифра на градот А ова е преку порака (колку што сум информирана не секој факултет дозволувал на овој начин) http://www.pmf.ukim.edu.mk/files/up.pdf
За УКИМ е ова, за други не знам. Да и за медицински важи истото, односно за сите факултети што спаѓаат под УКИМ.
Јас си ги испечатив документите шо ми излегоја на крајот од електронската пријава. Есега универзитетскиов лист ме буни бидејќи на него пишува пријавен лист. Сакам да прашам дали е ист со пријавата шо треба да се купи од книжарите или не?
Се најавив на уписи уким страната и пишува таму кој документи се потребни за уписот.Дали можам да ги испринтам и да ги однесам на факултет интерниот лист,универзитетскиот лист и изјавата?
Да треба да ги однесеш на факултетот.. Дали некој занае ние од фармација каде да ги доставиме документите?
Дечки имам брат кој конкурираше во штип за стоматологија ама не е сигурен дека ке го примат голема конкуренција е и сака и во Скопје да проба за мед сестри Дали може со заверени сведителства и диплома ( кај нотар) како копија на оригиналот или само оригинал документи примаат?
Здраво, Се запишав на Педагошки факултет насока Англиски јазик и книжевност, утре сум на информативен разговор и некако голема паника ме фаќа..Дали некој знае какви прашања би ни поставувале на разговорот? Фала однапред.
Феминки, на првиот уписен рок колку вкупно студенти примаат? И каде ќе ги има истакнато резулатите, ќе ги има на интернет или само на факултетите ќе бидат објавени?