На првиот уписен рок при секој од универзитетите пишува колку примаат за секој факултет посебно. На пример на страната УКИМ има прикачено табела колку примаат во државна и приватна квота за сте факултети (http://ukim.edu.mk/dokumenti_m/158_Konkurs-I-ciklus-2016-2017-za-web.pdf). А дали ќе има втор и трет уписен рок воопшто, зависи од бројот на студенти кои ќе се пријават во првиот уписен рок. Инаку на iknow системот ќе ги има резултатите (за УКИМ), бидејќи освен опција да пратиме електронска пријава пишуваше и ранг листи...а за УГД е истата ситуација, само таму се најавуваа на друг начин/систем.
Јас не пополнив ништо на интерниот лист,т.е само завршеното училиште и потпис требаше мислам,подоцна видов дека се барало да пополниме. Таму ги прегледаа документите и ништо не ми сугерираа,може за тоа проблеми да прават ??
Девојки, завршив прва година на Филозофски, со еден неположен испит но сакам да се префрлам на друг смер на истиот факултет. Од Студентски ми рекоа дојди при крај на август кога се уписите за прва година, со индекс, молба за префрлање и таксена марка, а потоа ми рекоа на почеток на септември да дојдам.. Некако ич не ми беа сигурни, уписите поминаа (немав можност и онака да одам) ,и се мислам дали да одам деновиве или во септември. Дали некој имал искуство со префрлање, како оди таа постапка, пак ли ќе бидам прва година сега?
Има ли некој што му ги намалиле поените....сигурно ми е несоодветен некој предмет од 91,4 на 86,6 срамота
Сигурно на факултетот на кој си аплицирала има веб страна. Провери во делот Уписи 2016/2017 - прелиминарни резултати.
При запишувањето на примените студенти на првиот уписен рок, кои документи се потребни? И кога треба да се плати 200/400 евра за студирањето, и дали може да се плаќа на рати?
Ќе ви извадат известување после објавувањето на конечните ранг листи. Тогаш ќе видиш која квота си и според тоа само износот на семстарот ти треба 200/400.
Па ти викам, ќе ви извадат известување со се што е потребно (документи, жиро сметки, пријави, дати се) откако ќе се објават конечните резултати кога да отидете и да однесете сите ствари, да ви отворат досие и да ве запишат како новопримени студенти.
А дали се вбројуваат и вонредните. На пример кандидат со вонреден статус иманајмногу поени. Дали тој ќе биде ослободен од партиципација?