При запишувањето на 29/30 август, што се е потребно за да се запишеш и дали мора лично или може и некој друг да те запише доколку не си во можност?
Јас мислам дека не се уплаќа сега, бидејќи не пишува на страната кадешто се наведени останатите потребни документи. Отпосле мислам дека се уплаќа, кога ќе се запишувате ќе ви кажат. Бар така мислам.
И де некој што знае точно што е потребно за запишување, и кога треба да се уплати семестар за прв циклус студии, нека пише.
Ако во прва година си учела исти предмети што го има смерот кај што ќе се префрлаш нема да преполагаш, ќе ти бидат признаени. А ако не, тогаш ќе мора да почниш пак од прва година И за сите што прашуваат кога се уплаќа за семестар, за семестар уплаќате сега кога ќе идите официјално да се запишете, со самото запишување на тие дополнителни трошоци што ги плаќате освен партиципацијата,(вклучен ви е прирачникот(водич за студирање), студентска легитимација и индкес. Што значи дека не мора посебно да ги купувате
На денот на запишување ги дава факултетот за да се потполнат личните податоци и истиот ден се враќаат. Потоа на 15 септември, т.е на првиот академски час "свечено" ги доделуваат.
Да, сега сето тоа заедно. Меѓутоа провери си во зависност од факултет потребни се повеќе уплатници, не само таа од 750...Има и за ИКСА, студентски информатор, картичка, одржување, обезбедување и што уште не...... (кај мене се околу 2000ден.) Исто така, мислам и дека таа рата од 100евра не е фиксна, односно варира во зависност од предметите кои ги слушаш во семестарот и кредитите кои тие ги носат. Но не сум сигурна за ова.
А, на кој факултет си ти? На филолошки сум јас и пипува во соопштението дека треба да се уплати прв семестар, две уплатници едната 750, а другата 700ден, фотографии да се однесат, пријавни листови(два) со уплатена административна такса од по педесет денари, индекс и студентска легитимација, не знам од кај ти ги најдоа тие 2000 денари...
@piglet1 На медицински....Треба адм.такса. 50ден, една уплатница од 750ден, и уште една од 1000ден. (како што пишав се доаѓа околу 2000) Еве линк: http://www.medf.ukim.edu.mk/upload/dok/3506_370619135.pdf
Луѓе, на уплатницата за административна таксена марка, кај сметка на буџетски корисник, што треба да стои? За Филозофски факултет прашувам.